Законодавство

Главни почетни точки на законодавството на ЕУ за спроведување и буџетирање на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) се Повеќе-годишните индикативни плански документи (МИПД) и Повеќе-годишните индикативни финансиски рамки (МИФР) со важност за одреден период на програмирање, како што се 2007-2013, 2014-2020 и 2021-2027.

Овие регулативи се стратешки документи за ИПА и ги поставуваат целите и горните вредности за расходите на ЕУ – како целина и за клучните области. Опфаќаат и употреба на таканаречените „специјални инструменти“ што се дизајнирани да и овозможат на ЕУ да делува за непредвидените потреби и околности што се менуваат.

Други релевантни правни и програмски документи поврзани со имплементацијата за одреден период на програмирање се прикажани во под-страниците под овој дел Законодавство.