Ч.П.П.

Која е главната цел на Инструментот за претпристапна помош на ЕУ во РМ?

Целта на Инструментот за претпристапна помош во РМ е постепено усогласување во РМ, како земја кандидат со стандардите и политиките на Европската Унија, вклучително и правото на Европската унија, во поглед кон членство во ЕУ .

Што е децентрализирано управување со помошта од ЕУ?

Во контекст на помошта во процесот на претпристапување, децентрализираното управување значи подобрување на сопственоста во управување со помошта од страна на надлежните државни органи во РМ, барем по однос на активностите поврзани со тендери, склучување договори и плаќања. Сите одлуки за набавки и доделување на договори преземени од страна на Договорниот орган ќе бидат предмет на ex-ante одобрување од страна на Европската комисија.

Дали македонските компании имаат приоритет пред останатите компании додека аплицираат за ИПА фондовите во РМ?

Не, истите правила важат за сите подобни понудувачи, без разлика дали тие се со седиште во РМ или во странство. Во текот на постапката за јавна набавка, Договорниот орган треба да ги задоволи условите за обезбедување на еднаков третман, што значи дека сите понудувачи мора да се третираат еднакво и оценувачите мора да останат непристрасни.

Строгите правила со кои се регулира начинот на кој се доделуваат договори помага да се обезбеди соодветно квалификувани изведувачи да бидат избрани без предности и дека најдобрата вредност за парите ќе се постигне, со целосна транспарентност соодветни за користење на јавните средства.

Кој ги избира ентитетите/ индивидуите за да примат ИПА фондови?

ЦФЦД во Министерството за финансии делува како Договорен орган за ИПА компонентите I-IV и е одговорен за сите активности за тендерирање, склучување договори и плаќање. ЦФЦД организира евалуации и избор на понуди, додека реалната евалуација на понудите се врши од страна на квалификувани експерти (евалуатори) назначени од страна на релевантните институции и повикани од страна на ЦФЦД. Евалуацијата и селекцијата се организира во согласност со јасни и транспарентни процедурални правила поставени во Практичниот водич на Европската комисија за договорни постапки за надворешните активности на ЕК.

http://ec.europa.eu/europeaid/work/procedures/implementation/practical_guide/documents/2008new_prag_final_en.pdf

Кои правила ќе се применат во процесот на јавна набавка за проектите кои се финансираат во рамки на ИПА?

Сите активности за тендерирање и склучување договори што ќе се применуваат за време на фазата на склучување договори од страна на Договорниот орган ќе бидат во согласност со процедуралните правила од Практичниот водич на Европската комисија за договорни постапки за надворешните активности на Европската комисија (ПРАГ правила).

Во случај на непочитување на процедурите утврдени во Правилата од ПРАГ, трошоците поврзани со операциите вклучени не подобни по однос на финансирањето од Заедницата.

http://ec.europa.eu/europeaid/work/procedures/implementation/practical_guide/documents/2008new_prag_final_en.pdf

Македонското законодавство, имено Законот за јавни набавки и соодветните подзаконски акти не се применливи при јавните набавки финансирани од ИПА.

Кој може да аплицира за грантови финансирани од ИПА?

Учеството во доделување на договори за грантови е отворено под еднакви услови за сите физички и правни лица кои имаат на ум дека со грантот може да се спроведе само за операција чија непосредна цел е некомерцијална. Дотациите од буџетот на ЕУ не се наменети за стекнување добивка.

За детални инфоркации по ова прашање, Ве молиме проверете на:

http://ec.europa.eu/europeaid/work/procedures/implementation/practical_guide/documents/2008new_prag_final_en.pdf (Chapter 6. Grants).

Дали твининг проектите може да се финансираат од ИПА?

Да, твининг како инструмент за градење на институциите, може да биде финансиран од ИПА. Твининг проект е заеднички проект помеѓу државната администрација на РМ и од земјите членки на ЕУ. Тоа не е еднонасочен начин на испорака на техничката помош од земјата членка, туку земјата-корисничка, се обврзува на преземање и средства за реформи, додека земјата-членка го поддржува процесот за време на траењето на проектот.

Кој може да биде твининг партнер на македонската администрација?

Секоја администрација од земјата-членка е автоматски подобна како твининг партнер. Сепак, Комисијата може да одлучи, по предлог од страна на земјата-членка, да се овозможи одредено полу-јавно тело од земјата-членка да го добие мандатот за спроведување на твининг проект во согласност со истите услови, доколку тие се составен дел од администрацијата. За детален список на овластени тела од земјите-членки, види:

http://ec.europa.eu/enlargement/pdf/financial_assistance/institution_building/mandated_bodies_march2007_en.pdf