“Директно финансирање на трошоците настанати за функционирање на Оперативната структура во ИПА компонентата за равој на човечките ресурси”

Почетен датум: 26 април 2010

Краен датум: 31 декември 2017

Буџет на проектот: € 670.478,00

Договорна страна: ЦФЦД/ Министерство за финансии

Крајни корисници

Оперативна структура од ИПА компонентата за равој на човечките ресурси сочинета од ЦФЦД/ Министерство за финансии и релевантните ИПА одделенија во рамки на Министерството за образование и наука (МОН) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП)

Генерална цел

Да се постигне ефикасно и темелно управување и спроведување на ОП РЧР (Повеќегодишната оперативна програма “Развој на човечките ресурси“ 2007-2013), во рамките на децентрализирано управување, во согласност со Регулативата за спроведување на ИПА и Финансиската спогодба во врска со ОП РЧР.

Специфични цели

Да се поддржи Оперативната структура преку зголемување на административниот капацитет по однос на подготовка, управување, спроведување, следење, ревизија и контрола на ОП РЧР и да се обезбеди ефикасно и непречено управување и спроведување на програмата во согласност со соодветните правила на заедница и во земјата.

Проектни активности

Компонента 1: Организирање на состаноци на Секторскиот комитет за следење и ad-hoc состаноци

Компонента 2: Финансирање на плати за дополнителен персонал

Компонента 3: Финансирање на останати трошоцуи поврзани со управување и имплементација на ОП РЧР