“Поддршка за вработување на младите луѓе, долгорочно невработените и жените”

Почетен датум24 ноември 2010

Краен датум: 24 декември 2012

Буџет на проект: € 1.300.000,00

Договорна страна: Агенција за вработување на Република Македонија (АВРМ)

Крајни корисници

  • Невработени лица;
  • Работодавачи кои би прифатиле практиканти;
  • Работодавачи кои би ги вработиле лицата вклучени во проектот.

Општа цел:

Да се интегрираат младите луѓе, долгорочно неравотените и жените на пазарот на труд.

Purpose:

Да се зголеми вработиливоста на невработените млади луѓе, долго-рочно невработените и жените преку зголемување на нивните компетенции (знаење, вештини и однесувања).

Очекувани резултати:

  • Подобрени перспективи за вработување за 512 млади лица, преку рефлектирање на тековните потреби на пазарот на труд;
  • 6600 невработени лице да се стекнат со општи вештини што ќе им помогнат во подобрување на нивната конкурентност на пазарот на труд;
  • 839 долгорочно неврботени лица да се стекнат со спефицични професионални вештини побарувани на пазарот на труд.

Целни групи:           

  • Невработени млади лица на возраст 15-27;
  • Долгорочно невработени лица;
  • Невработени жени;
  • Невработени лица.

Севкупно, проектот опфати 7932 невработени лица од гореспоменатите групи.

Клучни проектни активности:

Проектот се состоеше од 3 компоненти:

Компонента 1 – Практикантство како поддршка за прво вработување на младите луѓе на возраст до 27;

Компонента 2 – Обуки за општи вештини;

Компонента 3 – Обуки за вештини побарувани на пазарот на труд.

Целите на компонентите беа:

Компонента 1 – Практикантство како поддршка за прво вработување на младите луѓе на возраст до 27

Програмата ги подобри вештините на невработените лица на возраст до 27 години преку практикантство во рамки на компаниите за период од 3 месеци со цел да се стекнат со прво работно искуство.

Поспецифично, невработените лица на возраст до 27 години беа вклучени во програмата за практикантство со цел да се стекнат со прво работно искуство.

A 1.1: Избор на работодавачи

A 1.2: Избор на учесници (практиканти) и потпишување на договори за практикантство

A 1.3: Имплементација на договори за практикантство

Компонента 2 – Обуки за општи вештини

Програмата им помогна на младите лица да се стекнат со вештини кои ќе им помогнат да ја подобрат нивната конкурентност на пазарот на труд.

Следните обуки за општи вештини беа организирани со цел да се подобри вработиливост на невработените жени:

  • Странски јазици (основни и напредни курсеви, бизнис курсеви и конверзација);
  • Основни компјутерски вештини;
  • Практикантство;
  • Комуникациски вештини (пишување кратка биографија и писмо за мотивација, интервју за вработување, итн).

A 2.1: Развој на план за имплементација на обуки во локалните центри за вработување

A 2.2: Избор на експерти за спроведување на обуки

A 2.3: Избор на лица за обуки и потпишување на изјави за согласност за учество

A 2.4: Имплементација на обуки

Компонента 3 – Обуки за вештини побарувани на пазарот на труд

Програмата обучи долгорочно невработени лица за професионални вештини побарувани на пазарот на труд.

Обуките беа спроведувани во период до 3 месеци, во зависност од типот на обуката.

Следните типови на обуки беа организирани:

  • Обука за електрични склопувања и асемблирање (постројки, куќи, итн.);
  • Обука за механтронички системи;
  • Обука за механтронички системи за лесни возила;
  • Обука за сметководство;
  • Обука за угостителски услуги;
  • Обука за заварувачи;
  • Обука за градежни работниви;
  • Обуки за ИТ програми (јава, и други програмски јазици).

A 3.1: Избор на спроведувачи на обуки

A 3.2: Избор на лица за обуки и потпишување на изјави за согласност за учество

A 3.3: Имплементација на договори за обуки

Брошура_МКД

Брошура_ЕНГ

Брошура_АЛБ