“Ревизија на постојниот Акциски план за комуникација на Оперативната програма за развој на човечките ресурси (2007-2013) и Имплементација на ревидиран Акциски план за комуникација” EuropeAid/127054/C/SER/multi

Почетен датум: 27 декември 2010

Краен датум: 27 декември 2012

Буџет за проектот: € 176.618,00

Договорна страна: ARS Progetti Spa

Крајни корисници:  

Оперативна структура од ИПА компонентата за равој на човечките ресурси сочинета од ЦФЦД/ Министерство за финансии и релевантните ИПА одделенија во рамки на Министерството за образование и наука (МОН) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП)

Генерална цел

Да се постигне ефективна комуникација на ОП РЧР 2007 – 2013, со цел да се зголеми свеста на јавноста во врска со финансиската помош на ЕУ во земјата во областа на развојот на човечките ресурси.

Специфични цели

  • Ревизија/ ажурирање на Акционен план за комуникација за ОП РЧР 2007-2013, која ги опфаќа активностите поврзани со публицитет/ видливост и информации на ОП РЧР;
  • Имплементација на Детален план на активности за комуникација на ефективен и ефикасен начин;
  • Поддршка на Оперативната структура, по однос на публицитет/ видливост и комуникација.

Проектни активности

Компонента 1: Ревизија/ надополнување на постојниот Акциски план за комуникација (АПК) за ОПРЧР 2007-2013

1.1 Преглед на постоечкиот Акциски план за комуникација

1.2 Ревидирање/ ажурирање на содржината на постоечкиот Акциски план за комуникација, развиен од страна на Оперативната структура за развој на човечки ресурси

1.3 Развивање на детален план на активности за комуникација

Компонента 2: Имплементација на детален план на активности за комуникација

2.1 Развој, тестирање, инсталација и конфигурација на вебсајт на ОП РЧР

2.2 Обука на работно место за администрацијата и интеграција на содржини

2.3 Дизајн на визуелниот идентитет на ОП РЧР

2.4 Дизајн/ развој и ширење на алатки за комуникација

2.5 Други комуникациски услуги и/ или поврзани услуги

Проектни резултати

Компонента 1:

  • Ревидиран и ажуриран Акционен план за комуникација за ОП РЧР 2007-2013;
  • Дизајниран Детален план на комуникациски активности.

Компонента 2:

  • Целосно оперативна веб-страница на ОП РЧР;
  • Обучени лица од Оперативната структура да се справат со управување со веб-страницата;
  • Обезбедени материјали за обука/ учење;
  • Развиен визуелен идентитет на ОП РЧР 2007-2013;
  • Дизајнирана содржина за комуникација;
  • Развиен, едитиран, испечатен и дистрибуиран материјал за комуникација;
  • Подготвени и организирани рекламна кампања(и);
  • Организирани промотивни настани (најмалку еднаш годишно);
  • Други специфични комуникациски услуги обезбедени во согласност со деталниот план на активности за комуникација.

КАП ОП РЧР ПО 1 лифлет ЕНГ

КАП ОП РЧР ПО 2 лифлет ЕНГ

КАП ОП РЧР ПО 3 лифлет ЕНГ