“ЕУ поддршка за подготовка на земјата за управување со Европскиот социјален фонд преку имплементација на Компонентата за развој на човечките ресурси од ИПА инструментот” MK/2007/IB/SO/01

Почетен датум: 10 јануари 2011

Краен датум: 17 март 2012

Буџет на проектот: € 700.000,00

Договорна страна: Министерство за вработување и економија, Сектор за регионален развој, Влада на Финска

Крајни корисници: Министерство за финансии (МФ), Министерство за образование и наука (МОН) и Министерство за труд и социјална политика (МТСП)

Генерална цел:

Да се постигне ефективна имплементација, мониторинг, евалуација, администрација и комуникација во Повеќе-годишната оперативна програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 и со тоа да се подготви земјата за управување со Европскиот социјален фонд (ЕСФ).

Специфична цел:

Да се изгради административниот капацитет на Оперативната структура за ефективна и ефикасна имплементација на Оперативната програма за развој на човечките ресурси во рамки на целиот циклус за управување со проект, вклучувајќи програмирање, тендерирање и склучување договори, мониторинг на ниво на проект и програма, евалуација на ниво на програма, информирање и комуникација, итн.

Очекувани резултати:

  • Обучен и зајакнат капацитет на Оперативната структура за имплементирање на внините одговорностите во согласност со темелното финансиско управување и регулативите за имплементирање на ИПА;
  • Подобрен капацитет на Оперативната структура за имплементирање операции во согласност со регулативите на ЕУ и најдобрите практики, сите функции и процедури поврзани со управување, евалуација, информирање и контрола на активностите од ОПРЧР;
  • Оперативната структура ефективно да соработува на сите релевантни нивоа во согласност со ОПРЧР и релевантната финансиска спогодба за компонента IV.

Преку поддршката од проектот, Оперативната структура се здоби со капацитет за:

  1. подготовка на секторски и финални извештаи за имплементација;
  2. обезбедување дека операциите се избрани за финансирање и одобрени во согласност со критериумите и механизмите применливи за програмата, и дека тие се во согласност со релевантните евроспски и национални правила;
  3. воспоставување процедури за обезбедување на задржување на сите документи потребни за обезбедување на соодветна ревизорска трага;
  4. учество во процедури за тендерирање и доделување грантови, како и обезбедување потребни информации по однос на техничките апекти на проектот во текот на подготовка на тендерите и/ или тендерската процедура;
  5. обезбедување дека договорните страни/ корисниците на грантови извршуваат задачи во согласност со претходно дефинираните крајни рокови од договорите;
  6. одобрување на извештаите и работните листови на договорните страни/ корисниците на грантови;
  7. спроведување верификации со цел да се обезбеди дека декларираните трошоци се реално настанати со согласност со применливите правила, производите и услугите се испорачани во согласност со одлуката за одобрување, и барањата за плаќање до финалните корисници се коректни. Овие верификации ги покриваат административните, финансиските, техничките и физичките аспекти на операциите, соодветно;
  8. ефективна примена на информитичкиот систем за управување, мониторирање и евалуација на програмата за ниво на проект и/ или договор;
  9. обезбедување на известување за неправилност;
  10. обезбедување усогласеност со барањата за информирање и публицитет.

Целна група:

Вработени лица од Оперативната структура за ИПА компонента IV (Министерство за финансии (МФ), Министерство за образование и наука (МОН) и Министерство за труд и социјална политика (МТСП)).

Клучни активности во проектот:

Твининг поддршката обезбедена во форма на пренос на специфично знаење, и спроведена преку:

Сесии за советување и обуки: Обуката и тековната поддршка/ советување за Оперативната структура ги опфати сите функции според Регулатива на Комисијата (ЕЗ) Бр 718/2007, член 28. Советувањето, обуката и помошта опфати лансирање на повик за предлози/ тендери, водење на кампањи за информирање, публицитет, советување во подготовка и управување со процедурите за апликација, проверки и прегледи, постапка за избор, донесување одлуки, постапка за посветеност, склучување договори, контрола, следење, известување, итн. Овие активности за обуки и советување помогнаа во прилагодување на целиот процес на управување и спроведување на ОПРЧР.

Скроена програма за обуки: Овој проект вклучи развој и имплементација на наменска програма за обуки за вработените лица во Оперативната структура. Програмата ги зема во предвид научените лекции од претходните обуки и врз основа на потребите за обуки на специфични целни групи. Програмата за обуки се фокусираше на сите аспекти на имплементација и управување на ОП РЧР и беа опфатени сите аспекти на ревизорска трага.

Семинари, работилници и конференции: Програмата за обуки се состоеше од организација на семинари, работилници и конференции.

Студиска посета (и) (до 2): Студиски посети за технички прашања се организираа за претставниците на Оперативната структура во земјите-членки за размена на добри практики и искуства во врска со управувањето и спроведувањето на програмите од Европскиот социјален фонд.

Прирачници за процедури и листи за проверка: Твининг партнерот ги разгледа и ревидира постојниот Прирачник за работа и листи за проверка.

Проценка: Активностите во рамките на програмата за обуки беа оценети преку практични алатки.

Споделување на искуство: Размената на искуства беше од суштинско значење за подобрување на целокупната имплементација на ИПА.