“Поддршка на Националните политики за вработување” MK/2007/OHRD/EMPL/01

Почетен датум: 1 септември 2011

Краен датум: 15 мај 2013

Буџет за проект: € 1.806.294,73

Договорна страна: Agency for European Integration and Economic Development (AEI), Austria, c/o Austrian Federal Ministry of Finance

Крајни корисници: Министерство за труд и социјална политика (МТСП), Сектор за труд, и Агенција за вработување на Република Македонија (АВРМ)

Генерална цел:

Да се развијат капацитетите за долгорочно предвидување на пазарот на труд и да се изградат капацитетите за мониторинг и евалуација на политиките за вработување.

Специфична цел:

Да се зајакнат капацитетите и да се развијат вештините на сите релевантни чинители, по однос на долгорочното предвидување, како и мониторинг и евалуација на политиките и програмите, преку градење на систем за долгорочно предвидување на пазарот на труд и одржлив темелен систем за следење и оценка на политиките за вработување во земјата.

Очекувани резултати:

Компонента 1: Развој на долгорочно предвидување на пазарот на труд преку градење за капацитетите за предвидување во Министерството за труд и социјална политика

Задолжителен резултат 1: Воведено долгорочно предвидување на пазарот на труд преку поддршка на Министерството за труд и социјална политика во градење на нивниот општ систем за предвидувања.

Задолжителен резултат 2: Зајакнати аналитички капацитети на Министерството за труд и социјална полиика по однос на долгорочното предвидување на пазарот на труд.

Компонента 2: Подобрување на капацитетите и вештините на телата, институциите и социјалните партнери за мониторинг и евалуација на политиките и програмите за вработување.

Задолжителен резултат 3: Развиен општ систем за мониторинг и евалуација на политиките за вработување.

Задолжителен резултат 4: Подобрен и развиен капацитет на Министерството за труд и социјална политика и останатите чинители за мониторинг и евалуација на политиките и програмите во областа за вработување.

Задолжителен резултат 5: Целосна и активна улога на социјалните партнери за мониторинг и евалуација на политиките и програмите за вработување.

Целни групи:           

Вработени лица во Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Сектор за труд, и Агенција за вработување на Република Македонија (АВРМ), работодавачи и невработени лица, социјални партнери, итн.

Клучни активности на проектот:

Твининг поддршката обезбедена преку пренос на специфично знаење се спроведе преку:

Компонента 1: Развој на долгорочно предвидување на пазарот на труд преку градење за капацитетите за предвидување во Министерството за труд и социјална политика

Следните активности се спроведоа:

  • Оценка на капацитетите и потребите и идентификување на недостатоци;
  • Пишан документ од дискусија за долгорочно предвидување во тесна соработка со сите засегнати страни;
  • Дизајнирање на систем за долгорочно предвидување на пазарот на труд, преку дефинирање на нивните цели, методи и техники, институционална рамка, исл.;
  • Воведување и поставување на дизајниран систем за долгорочно предвидување;
  • Придонес во подготовка на технички спецификации и работни задачи поврзано со набавка на опрема за информатичко-компјутерска поддршка во насока за воспоставување на модел за долгорочно предвидување;
  • Обука на професионалците за долгорочно предвидување на пазарот на труд, со посебен фокус на недостатоците поврзани со постојните неусогласености помеѓу образовниот систем и потребите на пазарот на труд;
  • Градење на капацитетот на Министерството за труд и социјална политика за спроведување анализи и истражувања на пазарот на труд со долгорочна перспектива;
  • Зајакнување на меѓуинституционалната соработка и координација во однос на размената на податоци и долгорочно предвидување на пазарот на трудот;
  • Развој на соработката со социјалните партнери по однос на долгорочното предвидување.

Компонента 2: Подобрување на капацитетите и вештините на телата, институциите и социјалните партнери за мониторинг и евалуација на политиките и програмите за вработување

Следните активности се спроведоа:

  • Оценка на постојниот систем по однос на мониторинг и евалуација (цели, методи и техники, процедури, институтционална рамка, анализа на податоци, исл.);
  • Идентификување на специфичните предизвици и одредување на специфични потреби;
  • Дизајнирање на сеопфатен систем за мониторинг и евалуација на политиките и програмите за вработување во согласност со барањата на Европската стратегија за вработување;
  • Воведување индикатори врз основа на EMCO индикаторите потребни во насока за исполнување на европските обврски кои произлегуваат од Европската стратегија за вработување;
  • Целосно инкорпорирање на интегрираните насоки за раст и работни места во Националната стратегија за вработување;
  • Имплементација на дизајниран систем за мониторинг и евалуација;
  • Обука на институциите и засегнатите страни за мониторинг и евалуација на политиките и програмите;
  • Дефинирање на улогата на социјалните партнери по однос на мониторинг и евалуација;
  • Подобрување на техничките/ аналитичките капацитети на социјалните партнери за мониторинг и евалуација на политиките и програмите на централно и локално ниво;
  • Зајакнување на вклучувањето на социјалните партнери во однос на мониторинг и евалуација на политиките и програмите за вработување на централно и на локално ниво.

C1 Flyer MKD

C1 flyer ENG

C2 Flyer MKD

C2 Flyer ENG