“Времена евалуација на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 & Работи за евалуација за следењее и оценка на индикатори за мерките” EuropeAid/127054/C/SER/multi

Почетен датум: 18 јуни 2011

Краен датум: 19 април 2013

Буџет на проектот: € 172.810,00

Договорна страна: ARS Progetti Spa

Крајни корисници:  

Оперативна структура од ИПА компонентата за равој на човечките ресурси сочинета од ЦФЦД/ Министерство за финансии и релевантните ИПА одделенија во рамки на Министерството за образование и наука (МОН) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП)

Генерална цел

Да се ​​подобри квалитетот и релевантноста на програмирањето на ИПА фондовите во рамките на Компонентата за развој на човечки ресурси.

Специфични цели

  • да се дизајнираат и спроведат алатки за работи за евалуација со цел да се измерат индикаторите вклучени во Оперативната програма;
  • да се спроведе Времената евалуација од првиот период на спроведување на ОП РЧР 2007-2013.

Проектни активности

Компонента 1: Работи за евалуација

Задача 1.1 Дизајн на методологијата за собирање на податоци за секој индикатор од Оперативната програма.

Задача 1.2 Дизајн на методологии на работи за евалуација за мерките 1.3 и 3.1.

Задача 1.3 Спроведување на работи за евалуација (работа на терен во врска со мерките 1.3 и 3.1).

Задача 1.4 Подготовка на показатели на резултатите во рамки на мерките 1.3 и 3.1.

Компонента 2: Времена евалуација на ОП РЧР

Задача 2.1 Изработка на методологија на евалуација.

Задача 2.2 Спроведување на евалуација и презентација на првите наоди за коментари.

Задача 2.3 Изготвување и презентација на нацрт извештајот за евалуација.

Задача 2.4 Подготовка на финалниот извештај за евалуација.

Проектни резултати

Компонента 1: Работи за евалуација

Резултат 1.1: Дизајнирана методологија за собирање на податоци за секој индикатор на Оперативната програма, вклучувајќи ги и методологиите на работи за евалуација за мерките 1.3 и 3.1.

Резултат 1.2: Пресметани индикатори на ниво на резултати по завршувањето на акцијата за првите три групи во рамките на мерката 1.3 и утврдени основни показатели на индикаторите на ниво на резултати во рамките на мерката 3.1, врз основа на работите за евалуација.

Резултат 1.3 и 1.4: Пресметани индикатори на ниво на резултати по завршувањето на акцијата за вторите три групи во рамките на мерката 1.3 и пресметани индикаторите на ниво на резултати од шест месеци по завршувањето на проектот за првите три групи врз основа на работите за евалуација.

Компонента 2: Времена евалуација на ОП РЧР

Резултат 2.1: Разработена методологија за времена евалуација.

Резултат 2.2: Подготвен Нацрт извештај од Времената евалуација и презентиран за коментари.

Времената евалуација ја следеше широката структура:

  • Резиме на заклучоци и препораки.
  • Методологија – прикажувањето на пристапот на оценувачите и вклучувајќи и опис на оригинални истражувања превземени, како и изворите на податоци и информации. Методологијата вклучи изјава за проценка на предностите и слабостите на извештајот од евалуацијата од страна на оценувачот е.
  • Прашање по однос на поглавјата.
  • Заклучоци.
  • Препораки.

Резултат 2.3: Поднесен и одобрен финален извештај за евалуација.