“Поттикнување социјално вклучување и инклузивен пазар на труд” EuropeAid/130207/D/SER/MK

Почетен датум: 19 декември 2011

Краен датум: 18 август 2013

Буџет на проектот: € 1.462.950,00

Договорна страна: BIT schulingceter Nfg GmbH&Co KG, Austria

Краен корисник:

Министерство за труд и социјална политика (МТСП), Сектор за социјална заштита

Генерална цел:

Да се ​​подобри ефикасноста и квалитетот на социјалните услуги по однос на обезбедување пристап и олеснување на интеграцијата на ранливите групи на пазарот на трудот.

Специфични цели:

Да се подобри ефикасноста на социјалните услуги за промовирање на социјалното вклучување на ранливите групи;

Да се ​​зајакне соработката меѓу клучните засегнати страни, даватели на социјални услуги и центрите за вработување.

Очекувани резултати:

  • Зајакнати капацитети на професионалците кои работат на полето за социјална инклузија;
  • Зајакнати капацитети на релевантните чинители задолжени со интеграција на лицата со посебни потреби на пазарот на труд;
  • Подобрена соработка и координација помеѓу засегнатите страни во областа на социјалната инклузија и идентификувани услови за создавање на заедничка база на податоци идентификувани.

Целни групи:           

  • Релевантни сектори во Министерството за труд и социјална политика;
  • Релевантни владини институции: Центри за социјална работа, Институт за социјална политика, Завод за социјални работи, Агенција за вработување на РМ, згрижувачки институции, итн;
  • Единици на локалната самоуправа, Здружение на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС);
  • НВОа, асоцијации на лица со посебни потреби.

Клучни активности за проектот:

Компонента 1 – Зајакнување на професионалното знаење и вештини на лицата одговорни за социјално вклучување на ранливите групи на пазарот на труд

Активност 1 – Анализа, оценка на потребите за обуки, дизајнирање на методологија и развој на програма за обуки:

  • Анализа и оценка на потребите на професионалците од таргетираните засегнати страни за понатамошно зајакнување на нивното професионално знаење и вештини на полето на социјалната инклузија на ранливите групи на пазарот на труд;
  • Дизајнирање на методологија за обуки и развој на програми за обуки.

Активност 2 – Имплементација на програма за обуки:

2.1 Програмата за обуки опфати:

  • Зајакнување на професионалното знаење и вештини со цел да се потпомогне прилагодувањето на методите и пристапите поврзани со социјалните услуги;
  • Психо-социјална поддршка, консултација, сувервизија, решавање на конфликти кои ќе ја поддржат интеграцијата на ранливите групи на пазарот на труд.

Активност 3 – Фасцилитирање на ефективно партнерство помеѓу клучните засегнати страни кои даваат услуги во областите за вработување, образование и социјална инклузија:

  • Идентификување и пренос на добри практики на национално и локално ниво кои промовираат интеграција на ранливите групи на пазарот на труд преку поддршка обзбедена со социјалните услуги.

Компонента 2 – интеграција на лицата со посебни потреби на пазарот на труд

Активност 1 – Подобрување на пристапите, работните методи по однос на интеграцијата на лицата со посебни потреби на пазарот на труд.

Активностите во обуки опфатија:

  • Зајакнување на професионалното знаење и вештини со цел да се потпомогне прилагодувањето на пристапите и работните методи по однос на интеграцијата на лицата со посебни потреби на пазарот на труд;
  • Подобрување на соработката и координацијата помеѓу релевантните засегнати страни (Министерството за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа, Агенцијата за вработување на РМ и останатите релевантни институции);

Активност 2 – Пренесување на добрите практики кои промовираат интеграција на лицата со посебни потреби на пазарот на труд (на пр., кампањи за јакнење на свеста, подготовка на промотивни материјали, итн.)

Компонента 3 – Подготовка за создавање на споделена дата-база

3.1.      Дефинирање цели и институционална рамка за дата-база;

3.2.      Идентификување на типови на податоци и индикатори, во согласност со Еуростат, за да се применат во споделената дата-база;

3.3.      Развој на методологија и процедури за прибирање на податоци и известување;

3.4.      Подготовка на условите и техничките спецификации на дата-базата со посебен осврт на законските одредби за заштита на личните податоци.