“Понатамошна модернизација на Агенцијата за вработување на РМ” EuropeAid/129895/D/SER/MK

Почетен датум: 9 јануари 2012

Краен датум: 8 октомври 2013

Буџет на проектот: € 1.375.500,00

Договорна страна:

Archidata SRL во конзорциум со BBJ Consulting AG, GET German Education and Training GMBH и ACE, International Consultants S.I

Крајни корисници:  

Агенција за вработување на РМ (АВРМ) и Министерство за труд и социјална политика (МТСП)

Генерална цел:

Да се модернизира понатамошно и да се подготви Агенцијата за вработување на РМ за да одговори на барањата поврзани со пристапувањето кон ЕУ во областа на Европската политика за вработување.

Специфична цел:

Да се ​​подобри квалитетот, ефикасноста и ефективноста на услугите за лицата кои бараат работа и работодавачите од страна на Агенцијата за вработување на РМ со цел за намалување на невработеноста и спречување на вработените луѓе да станат невработени.

Очекувани резултати:

  • АВРМ го зајакна квалитетот на услугите обезбедени за лицата кои бараат работа и работодавачите со спроведување на организациски промени во управувањето на сите нивоа во целата земја;
  • Управувањето и вработените во АВРМ да работат подобро во нивната нова организација на работа и нови задачи кои произлегуваат во нивната секојдневна работа со лицата кои бараат работа, работодавците и другите заинтересирани страни.

Целни групи:

Вработени лица во Агенцијата за вработување на РМ (т.е. централна канцеларија и локални центри за вработување)

Клучни активности во проектот:

Компонента 1: Развој на процес за управување во организацијата

  • Спроведување на сеопфатна анализа на постојната организација на работата, тековни деловни процеси, капацитет и ефикасност во АВРМ;
  • Организирање на студиска посета во една од земјите-членки на ЕУ, во која сервисот за вработување во јавниот сектор бил подложен на процес за управување со промени;
  • Идентификување на клучните индивидуи во централната канцеларија и во сите локални центри за вработување, за создавање работни тимови и дефинирање на нивната улога во согласност со предлогот за партиципативен пристап;
  • Проценка на “перцепцијата на АВРМ во јавноста”, задоволството на клиентите, како и сопствената перцепција на вработените за нивната улога, работи и задачи;
  • Дизајнирање на Проект за организациско управување со промени преку стратешки пристап, со јасна и поделена визија, земајќи ги предвид човечките и техничките аспекти на промена, во тесна соработка со засегнатите страни;
  • Споделување на Проект за организациско управување со промени со сите вработени, раководните структури и засегнати страни со цел да им се објаснат придобивките од промената и да се посветат на тоа;
  • Развивање на план за имплементација на промени (ПИП), вклучувајќи и понатамошно оптимизирање на организацијата на работата (подготвка за спроведување на развиен проект за организациско управување со промени);
  • Подготовка на програма за вработените во АВРМ за техничките и индивидуални работни потреби, вклучувајќи и материјали за обука и документација за поддршка.

Компонента 2: Спроведување на промени во управувањето со организацијата како поддршка на Агенцијата за вработување на РМ во справувањето со имплементацијата на активнисте мерки на пазарот на труд:

  • Воведување на промени во управување со организацијата и обврзување на луѓето за примена на партиципативен пристап, вклучувајќи ја и потребната формализација;
  • Подобрување на внатрешната комуникација/ односи во АВРМ;
  • Повторно усогласување на процедури и процесите на работа, со цел да се поврзат секојдневните активности со Проектот за организациско управување со промени;
  • Водење/ обука со нови вештини и однесување за да се мотивираат вработените и раководните структури за ефикасно спроведување на промени преку спроведување на дизајнирана програма за обука;
  • Проценка на влијанието на промената за вработените во АВРМ на редовна основа и соодветно ажурирање на Планот за имплементација промени;
  • Известување за постигнатите резултати на промена за вработените во АВРМ и инволвираните чинители, во текот и на крајот од проектот;
  • Спроведување на проценка на информатичко-техничките и други физички капацитети во АВРМ, потребни за извршување на новите задачи на вработените во АВРМ, кои произлегуваат од спроведените промени;
  • Развивање на документ за дискусија со предлог за продолжување на подобрувањата во насока на обезбедување одржливост на промената по завршувањето на проектот.

Final NL outside MKD

Final NL inside MKD

Final NL outside ENG

Final NL inside ENG

FMESA Leaflet front

FMESA Leaflet back