“Зајакнување на капацитетите за интеграција на жените од ранливите групи на пазарот на труд со посебен фокус врз жените од етничките заедници” EuropeAid/130455/D/SER/MK

Почетен датум: 10 септември 2012

Краен датум: 10 декември 2013

Буџет на проектот: € 477.850,00

Договорна страна: WYG International Limited во конзорциум со ESEP Limited и HCL Limited

Краен корисник:

Министерство за труд и социјална политика (МТСП), Сектор за еднакви можности и Сектор за труд

Генерална цел:

Да се зајакнат жените во неповолна положба, особено жените од етничките малцинства, за да ги подобрат своите можности за вработување на пазарот на трудот.

Специфична цел:

Да се ​​зајакнат капацитетите и заедничката соработка на релевантните чинители за интеграција на маргинализираните жени на пазарот на труд, со посебен фокус на жените од етничките заедници.

Очекувани резултати:

  • Прибрани податоци и оценета ситуација со маргинализираните жени;
  • Развиени и имплементирани скроени програми и меродологии за обуки за спефицичните целни групи, за ефективна и ефикасна инклузија на маргинализираните групи на пазарот на труд со посебен фокус кон жените од етничките групи;
  • Промовирана соработка помеѓу релеватните чинители.

Целни групи:           

  • Релевантни сектори во Министерството за труд и социјална политика;
  • Релевантни владини институции: Центри за социјална работа, Институт за социјална политика, Завод за социјални дејности, Агенција за вработување на РМ, итн;
  • Единици на локалната самоуправа;
  • Невладини организации (НВОа).

Клучни активности во проектот:

Активност 1: Прибирање на податоци и оценка

1.1 Идентификување на видот на податоците кои се собираат и потенцијалниот извор на информации;

1.2 Собирање на податоци и следење на постигнатите резултати тековно за вработување на маргинализираните жени, со посебен фокус на жените од етничките малцинства;

1.3 Анализа на собраните податоци и презентирање на резултатите од проценката на релевантните заинтересирани страни;

Активност 2: Обуки за засегнатите страни

2.1 Идентификување на релевантните заинтересирани страни кои ги реализираат програмите и иницијативите за маргинализираните жени и дефинирање на начинот на нивната вклученост во активностите од проектот;

2.2 Спроведување анализа на потребите за обуки за целните засегнати страни за да се оцени нивната способност за ефикасно справување со интеграцијата на маргинализираните жени на пазарот на труд;

2.3 Подготовка на план за обуки за засегнатите страни, вклучувајќи и програма за секоја целна популација во согласност со резултатите од анализата за обука.

  • Дизајнирање на најмалку три програми и методологија за обука која ќе ја олесни интеграцијата на маргинализираните жени на пазарот на труд во согласност со најдобрите практики и искуства во ЕУ;

2.4 Развој на настава и материјали за обука за спроведување на програми за обука;

2.5 Спроведување на план за обука за таргетираните заинтересирани страни;

Активност 3:  Соработка помеѓу засегнатит страни

3.1 Развивање на ефективна соработка помеѓу релевантните чинители кои се занимаваат со маргинализираните жени за нивно интегрирање во пазарот на труд;

3.2 Дисеминација на постигнатите резултати на проектот до вклучените засегнати страни.

Лифлет МКД

Лифлет АЛБ

Лифлет ЕНГ

Постер