“Подготовка на тендерска документација за набавка на опрема за Центрите за социјална работа, Агенцијата за вработување и Државниот инспекторат за труд” EuropeAid/127054/C/SER/multi

Почетен датум: 11 март 2013

Краен датум: 10 март 2014

Буџет на проект: € 145.803,00

Договорна страна: HTSPE Ltd во конзорциоум со Europe Ltd

Краен корисник: Министерство за труд и социјална политика (МТСП)

Општа цел:

Да се постигне ефективно и темелно управување и имплементација на ОПРЧР во рамките на системот за децентрализирано управување, во согласност до Регулативата за имплементација на ИПА и соодветната Финансиска спогодба за ОПРЧР.

Специфични цели:

  • Да се спроведе детална оценка на тековната ситуација во Центрите за социјална работа, Агенцијата за вработување на РМ и Државниот инспекторат за труд по однос на опремата, вклучувајќи ги потребите и листата на приоритетна опрема за понатамошна набавка;
  • Да се подготват технички спецификации и 3 целосни тендерски досиеја за 3 договори за набавка на опрема и средства во рамки на Центрите за социјална работа, Агенцијата за вработување на РМ и Државниот инспекторат за труд во согласност со ПРАГ прирачникот за процедурите за склучување договори за надворешните акции финансирани од ЕУ; и
  • Да се поддржи Оперативната структура во текот на процесите на тендерирање на три договори за набавки.

Очекувани разултати:

Краен резултат во активност 1:

  • Подготвен извештај со преглед на тековната ситуација со Центрите за социјална работа, АВРМ и ДИТ (централни и локални канцеларии);
  • Подготвени пописни листи со нови податоци за постоечката опрема во релевантните оддели во Центрите за социјална работа (во рамки на МТСП), АВРМ и ДИТ;
  • Подготвена листа на приоритетна опрема за понатамошна набавка во избраните институции (Опремата вклучува информатичо-техничка опрема, средства како што се возила, мебел, итн. и во случај на Центрите за социјална работа, спефицични алакти и опрема потребна за лицата со посебни потреби.);
  • Извештај за состојбата со постојната електрични и инфраструктурани капацитети, конекции, инернет со предлози за спроведување интервенции за правилна употреба и сигурност на опремата.

Краен резултат во активност 2:

  • Подготвена и одобрена студија за анализа на пазарот со приоритетна листа на опрема за понатамошна набавка во рамки на три договори за набавки;
  • Подготвен и одобрен преглед на проценет буџет за сокеј од трите тендери за набавки;
  • Подготвени и одобрени три спецификации со дистрибуција на опрема по лотови за секое тендерско досие за набавки;
  • Подготвени и одобрени листи за дистрибуција на оперма за три тендери за набавка (одделни листи за дистрибуција за секој тендер);
  • Подготвени и одобрени три документи (еден за секој тендер за набавка) дефинирајќи ги барањата и условите за испорака и инсталација, барања за обуки и услуги по продажба на опремата;
  • Подготвени три (3) целосни тендерски досиеја согласно правилата за набавки на ПРАГ и условите за склучување договори за избраната опрема по барање на Оперативната структура.

Краен резултат во активност 3:

  • Подготвени и поднесени до Договорниот орган пишани одговори на технички кларификации побарани од потенцијалните тендерери во текот на процесот на тендерирање за трите договори за набавка одделно.

Целни групи:           

  • Агенција за вработување на Република Македонија;
  • Центри за социјална работа;
  • Државен инспекторат за труд.

Клучни проектни активности:

Проектот беше поврзан со обезбедување на техничка поддршка за имплементација на процесите за набавка на опрема за следните проекти од ОПРЧР:

  • Модернизација и адаптација на центрите за социјална работа во рамки на мерката 1: “Поттикнување социјална вклученост на лицата и областите во ризик”;
  • Поддршка на Агенцијата за вработување на РМ за имплемнетација на активни мерки и услуги на пазарот на труд во рамки на мерката 1 “Понатамошен развој на Агенцијата за вработување на РМ и зајакнување на условите за вработување”;
  • Поддршка на борбата против непријавена работа во рамки на мерката 4 “Од неформално кон формално”.

Следните активност влегоа во рамки на опсегот на работа:

Активност 1: Споведување на детална оценка за тековната ситуација и идентификуваните потреби

  • Преглед на тековната ситуација во Центрите за социјална работа, АВРМ и ДИТ (централни и локални канцеларии) и нивните административни и организациски поставености релевантни за овој проект;
  • Спроведување на теренски посети и преглед и обновување на пописните листи за постоечката опрема во релевантните одделни во рамки на центрите за социјална работа (во рамки на МТСП), АВРМ и ДИТ;
  • Идентификување и приоритизирање на потребите за опрема и подготовка на листи за опрема за избраните институции кои ќе ги поддржат нивните активности и постигнување на резултатите од трите односни проекти за набавка на опрема и средства за ЦСР, АВРМ и ДИТ во рамки на достапните буџети за проектите;
  • Идентификување на тековната состојба за постечките електрични и инфраструктурни капацитети, конекции, интернет, итн. за приоритетната листа на опрема и врз основа на овие предложени акции да се превземат за правилна употреба и безбедност на опремата.

Активност 2: Подготовка на технички псецификации и 3 целосни тендерски досиеја за договори за набавки согласно процедурите на ПРАГ  

  • Спроведување на анализа на пазарот која ги одредува достапни производи, нивното потекло, и опсегот на цени и испитување дали постои доволен број на подобни набавувачи чии производи се досташни и во склоп на барањата;
  • Подготовка на детален преглед на проценет буџет врз основа на анализата на пазарот вклучувајќи индикативни цени, препораки по однос на достапноста на отворената конкуренција на пазарот;
  • Развивање на предлог за дистрибуција на опремата по лотови, во согласност со Оперативната структура (Одделение за координација и имплементација на ИПА во МТСП и Договорниот орган);
  • Развивање на детални технички спецификации за опремата, во согласност со последната применлива верзија на ПРАГ прирачникот за процедурите за склучување договори за надворешните акции финансирани од ЕУ.
  • Подготовка на детална листа за дистрибуција на опрема по институција да биде вклучена како дел од тендерските досиеја;
  • Подготвка на препораки за испорака и услови за инсталација на опремата по институција, барања за обука и услуги по продажба;
  • Подготовка на 3 целосни тендерски досиеја според правивалата за набавки на ПРАГ и условите за склучување договори за избраната опрема по барање на Оперативната структура.

Активност 3: Обезбедување техничка поддршка во текот на фазата на тендерирање