“Обезбедување на техничка поддршка во подготовка на тендерска документација за модернизација и адаптација на Центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување на РМ” EuropeAid/127054/C/SER/multi

Почетен датум: 15 мај 2013

Краен датум: 28 февруари 2015

Буџет на проектот: € 99.323,00

Договорна страна: Cambridge Education Ltd consortium

Краен корисник: Министерство за труд и социјална политика (МТСП)

Општа цел:

Да се постигне ефикасно и темелно управување и имплементација на ОПРЧР во рамки на системот за децентрализирано управување, во согласност со Регулативата за имплементација на ИПА и Финансиската спогодба по однос на ОПРЧР.

Специфични цели и очекувани резултати:

Специфичната цел на овој ангажман беше подготовка на високо-квалитетна техничка документација за следното:

  • Анализа на тековната ситуација во избраните 18 Центри за социјална работа и 13 Центри за вработување, вклучувајќи анализа за идентификување на потребите за модернизација и адаптација;
  • Подготвени детални дизајни, вклучувајќи цртежи, спецификации и предмери за модернизација и адаптација на секој од избраните Центри за социјална работа и Центри за вработување одделно, врз основа на претходно спроведени анализи;
  • Подготвена тендерска документација, една за договорот за градежни работи за 18 Центри за социјална работа и друга за договорот за градежни работи за 13 Центри за вработување, вклучувајќи цртежи и предмери, во согласност со последните правила за набавки на ПРАГ и условите за склучување договори;
  • Обезбедена техничка експертиза во текот на фазите за тендерирање (кларификации).

Целни групи:           

  • Агенција за вработување на РМ;
  • Центри за социјална работа.

Клучни проектни активности:

Активност 1: Подготовка на извештај за анализа со оценка на тековната ситуација во избраните центри за социјална работа и центрите за вработување, вклучувајќи и анализа за идентификување на потребите за модернизација и адаптација.

Активност 2: Подготовка и склопување на комплетна тендерска документација за два договори за градба согласно процедурите на ПРАГ.

  • Подготовка на детална анализа, вклучувајќи цртежи со технички спецификации и предмери со проценка на единечни цени за секоја ставка од предмерите за сите градежни работи потребни за изведба за избраните Центри за социјална работа и Центрите за вработување.
  • Подготовка и склопување на комплетна тендерска документација за два договори за градба согласно ПРАГ за избраните градежни работи (вклучувајќи ги и коментарите добиени од Договорниот орган и корисниците).

Активност 3: Обезбедување техничка експертиза во фазата на тендерирање