Секторот за централно финансирање и склучување договори во Министерството за финансии, објави повик за доделување на неповратни средства (грантови) за предлог проекти во следниве области:
- Поттикнување на социјалното вклучување на лицата во неповолна положба на пазарот на трудот
- Интеграција на немнозинските етнички заедници на пазарот на трудот со посебен фокус на жените
- Зајакнување на улогата на релевантните актери во областа на социјалното вклучување
Повикот е отворен за невладините организации, јавните установи и др. организации од јавниот сектор (со исклучок на органите на управата), единиците на локалната самоуправа, социјалните партнери (асоцијациите на работодавачи, асоцијациите на работници) и меѓународните организации кои ги исполнуваат условите опишани во повикот. Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Делегацијата на Европската унија ги покануваат на информативни сесии организациите заинтересирани за горенаведениот повик. За овој повик се организираат шест информативни настани во периодот од 19-ти септември до 08-ми октомври 2013 година, со следниов распоред: