Доделување дипломи за компетенции за вработување

Скопје, 11 декември 2013 – Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, г-дин Аиво Орав денеска се обратија на свеченото доделување  дипломи по повод завршувањето на Интегрираната програма за развој на компетенции за вработување на 240 слушателки. Интегрираната програма се спроведе во рамки на проектот Зголемување на потенцијалите за вработување кај жените  од етничките малцинства на пазарот на трудот, финансиран преку ИПА во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013, во кој учествуваа 240 жени на возраст до 35 години од Тетово, Гостивар, Струга и Скопје. Слушателките имаа можност преку обуката за вработување и самовработување, обуката за компјутерски вештини и вокациски обуки, како и преку соодветни пракси во локални компании да се стекнат со потребните компетенции за вработување и активно да учествуваат на пазарот на трудот. Проектот се имплементира од страна на Центарот за неформално образование ТРИАГОЛНИК во периодот од Ноември 2012 до Февруари 2014 година, и истиот изнесува 249.556,26 евра.