“Поддршка на Агенцијата за вработување на РМ во имплементацијата на активните мерки и услуги на пазарот на труд” MK/10/IB/SO/02

Почетен датум: 1 јуни 2014

Краен датум: 31 август 2016

Буџет на проектот: € 1.200.000,00

Договорна страна:

German Federal Ministry of Labour and Social Affair и Lithuanian Ministry of Social Security and Labour

Крајни корисници:  

Агенција за вработување на РМ (АВРМ) и Министерство за труд и социјална политика (МТСП)

Генерална цел:

Да се подобри квалитетот, ефикасноста и ефектите од услугите обезбедени од страна на Агенцијата за вработување на РМ со цел за намалување на невработеноста и спречување на вработените луѓе да станат невработени.

Специфична цел:

Да се ​​унапредат подобрените услуги за вработување или на мерки насочени кон потребите на лицата во неповолна положба на пазарот на труд и зголемување на бројот на невработени кои имаат корист од услугите на Агенцијата за вработување на РМ.

Очекувани резултати:

  • Services of the Employment Service Agency improved as a continuation of the modernization of the Agency by means of training
  • Подобрен капацитет на Агенцијата за вработување на РМ за оценка релевантноста, ефикасноста и резултатите од спроведените активни политики и мерки на пазарот на трудот по однос на потребите на невработените лица и работодавачите;
  • Зајакнат капацитет на Агенцијата за вработување на РМ да развива и пилотира нови активни политики и мерки на пазарот на трудот
  • Воведени нови активни политики и мерки на пазарот на трудот низ целата земја и/ или подобрување на постоечките
  • Зајакнат капацитет на Агенцијата за вработување за РМ за спроведување на активни политики и мерки на пазарот на трудот финансирани преку ИПА, преку поддршка обезбедена во подготовката на проекти за грантови и грантови шеми во согласност со правилата на ЕУ
  • Подобрени услуги на Агенцијата за вработување на РМ како продолжение на модернизација на Агенцијата по пат на обука

Целни групи:           

Вработени лица од Агенцијата за вработување на РМ (т.е. целнтрална канцеларија и локални центри за вработување)

Клучни активности во проектот:

Компонента 1 Градење на капацитетите на АВРМ

Под-компонента 1.1 Зајакмнување на капацитетите на АВРМ поддржани во оценка на релевантноста, ефикасноста и резултатите од имплементираните активни мерки на пазарот на труд за спроведување на оценка на истите

Под-компонента 1.2 Зајакнување на капацитетите на АВРМ за подобрување на постојните активни мерки на пазарот на труд и развој на нови мерки

Компонента 2 Сеопфатно градење на институционалните капацитети

Под-компонента 2.1 Зајакнување на капацитетите на АВРМ по однос на имплементацијата на активните мерки на пазарот на труд финансирани од ИПА

Под-компонента 2.2 Модарнизација и подобрување на услугите на АВРМ

Fact-sheet

Leaflet