“Промовирање на социјалниот дијалог” EuropeAid/CH2008-AUC-1801681243

Почетен датум: 1 октомври 2014

Краен датум: 30 март 2017

Буџет на проекттот: € 1.371.071,00

Договорна страна: Меѓународна организација на трудот

Генерална цел:

Проектот имаше за цел да и помогне на земјата во зајакнување на трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог преку институционално и законско подобрување во склоп со активности во насока на зајакнување на капацитетите на Владата, организациите на работодавачи и синдикатите да се вклучат ефикасно во социјалниот дијалог.

Специфични цели:

Проблемот на социјалниот дијалог ги опфати трите нивоа и проектот имаше за цел да ги постигне следниве специфични цели:

  • Подобрено градење на капацитетите на засегнатите страни задолжени за трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог во рамките на одржливоста, ефикасностс и функционалноста, со цел да се обезбеди сеопфатно учество на сите релевантни чинители, особено на социјалните партнери, во создавање, развој и имплементација на економските и социјалните политики;
  • Зајакнато социјално партнерство на ниво на индустрија/ гранка/ компанија, вклучувајќи координиран и ефикасен механизам за колективно преговарање;
  • Воспоставен оперативен механизам за мирно решавање на работните спорови и обучени специјализирани помирувачи и арбитри за работни спорови.

Опис за проектот

Стратегијата која треба да се примени опфати еден сеопфатен и холистички пристап и имаше за цел да се обезбеди техничка поддршка за институциите и учесниците во процесот на социјален дијалог, вклучувајќи го и колективното преговарање на национално, гранково, на локално ниво.

Проектот се состоеше од три меѓусебно поврзани компоненти, дизајнирани да ги опфатат предизвиците со кои националните трипартитни актери во моментов се соочува на кохерентен и комплементарен начин. Трите компоненти се:

Компонента 1: Зајакнување на трипартитниот социјален дијалог на национално и локално ниво

Компонента 2: Поттикнување на колективните договори и вопоставување на инфраструктура за секторско колективно договарање

Компонента 3: Воспоставување на оперативен механизам за мирно решавање на работните спорови

Проектот имаше за цел да се прошири и зајакне трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог како средство за постигнување на економски раст и социјален напредок во земјата.

Целната група на проектот се членовите на Националниот економски и социјален совет и нејзиниот Секретаријат, како и Секторот за правни работи и социјален дијалог во Министерството за труд и социјална политика, медијаторите и помирувачите и локалните власти од Локалните економски и социјални совети, Државниот инспекторат за труд и судии и адвокати за трудот. Посебно внимание се посвети на организациите на работодавачи и на работници. Проектот ги вклучуви следниве социјални партнерски организации:

  • Организација на работодавачи на Македонија;
  • Бизнис конфедерација на Македонија;
  • Сојуз на синдикатите на Македонија;
  • Конфедерација на слободните синдикати во Македонија;
  • Унија на независни и автономни синдикати на Македонија.

Проектни активности

Компонента 1: Зајакнување на трипартитниот социјален дијалог

  • Подготвен и одобрен Акционен план за трипартитен социјален дијалог;
  • Изработени и усвоени годишната програми за НЕСС за 2015 и 2016 година;
  • Подготвен и одобрен Деловникот на НЕСС и неговиот Секретаријат;
  • Предложени и одобрени осум планирани теми за тематски обуки за членовите на националните и локалните ЕСС;
  • Целосно опремени сите локални ЕСС со мебел, компјутери и библиотека;
  • Развиен и валидиран механизам за следење на препораките;
  • Развиена веб-страница за НЕСС на македонски и на англиски јазик (ess.mk);
  • Печатени промотивни материјали за НЕСС (брошури, папки, тетратки, пенкала, УСБ-стапчиња, како и брендирање на ѕидот и влезот).

Компонента 2: Поттикнување на колективните договори и вопоставување на инфраструктура за секторско колективно договарање

  • Спроведување на анализа на јазот на постојните регулаторни и институционални рамки на колективното договарање;
  • Националната регулаторна рамка за колективно договарање подготвена на македонски и на англиски јазик;
  • Развиен и усвоен акционен план за трипартитно колективно договарање, вклучувајќи ги и мерките по однос на половите;
  • Избрани шест сектори на интерес од страна на социјалните партнери и одобрени од страна на Управниот комитет на проектот;
  • Развиени и одобрени стратешките планови на двата ЕСС, Организацијата на работодавачи на Македонија и Бизнис конфедерацијата на Македонија;
  • Изготвен и имплементиран планови за маркетинг и комуникација за Организациите на работодавачи;
  • Дизајнирани и имплементирани веб-страниците на ОРМ и БКМ;
  • Дизајнирани и публикувани промотивни материјали за ЕСС;
  • Изготвен и имплементиран план за маркетинг и комуникација за синдикатите;
  • Дизајнирана и имплементирана веб-страница на ССМ;
  • Во процесот на дизајн и имплементација на веб-страниците на УНАСМ и КСС;
  • Развиена и имплементирана заеднички веб-сајт за правата на работниците;
  • Развиена и инсталирана база на податоци за членство и колективни договори на социјалните партнери.

Компонента 3: Воспоставување на оперативен механизам за мирно решавање на работните спорови

  • Развиена и одобрена програма за обуки на помирувачи и арбитри од страна на МТСП;
  • Потврдена програма за обуки преку пилот обука на обучувачи за помирувачи и арбитри;
  • Воспоставена и обучена Комисија за тројно лиценцирање, во рамки на НЕСС.

Очекувани резултати

1.1 Имплементиран трипартитен Акционен план за подобрување на капацитетот на националниот и локалните економско-социјални совети

1.2 Воспоставени шест (6) нови локални ЕСС

1.3 Механизам за следење на препораките на ЕСС

1.4 Подобрена видливост на ЕСС

2.1 Трипартитен акционен план за јакнење на колективното преговарање

2.2 Програма за обука на работниците и работодавачите

2.3 Организациите на работодавачи и работници ги применуваат новите алатки и услуги за да стигнат до членовите

2.4 Препораки за обезбедување на целосна усогласеност на постојниот закон и практика со основните принципи и права на работа како што се гледа во МОТ

2.5 База на податоци за членство на социјалните партнери и колективно преговарање

3.1 Програма за обука на помирувачи/ арбитри е воспоставена

3.2 Креиран список на специјализирани посредници/ арбитри

3.3 Создаден и во употреба систем за управување со случај

3.4 Спроведена кампања за јакнење на свеста насочена на социјалните партнери и на јавноста за предностите за мирно решавање на работните спорови

Линкови:

http://promotingsocialdialogue.mk/

http://rabotnickiprava.mk

Активност 1.1.1 и 1.1.2 Процена на функционирањето на трипартитниот социјален дијалог МКД

Активност 1.1.1 и 1.1.2 Процена на функционирањето на трипартитниот социјален дијалог ЕНГ

Активност 1.1.1 Национален трипартитен социјален дијалог МКД

Активност 2.2.2 Прирачник за социјален дијалог за образование за синдикатите МКД

Активност 2.3.3 Овозможување на бизнис околина за одржливи претпријатија во Македонија МКД

Активност 2.3.3 Овозможување на бизнис околина за одржливи претпријатија во Македонија ЕНГ

Активност 3.1.2 Систем за работни спорови МКД

Флаер