“Промовирање на алтернативни услуги за згрижување на деца” EuropeAid/135660/IH/SER/MK

Почетен датум: 9 февруари 2015

Краен датум: 8 ангуст 2017

Буџет за проект: € 1.192.638,00

Договорна страна:

WYG International Ltd во конзорциум со ESEP Limited (UK) и WYG Consulting Ltd (HR)

Крајни корисници:  

  • Министерство за труд и социјална политика (Сектор за детска заштита, Сектор за труд и Сектор за социјална политика и заштита)
  • Агенција за вработување на РМ
  • Сојуз на синдикатите на РМ
  • Организација на работодавачи на РМ
  • Агенција за поддршка на претприемништвото
  • Занаетчиска комора на РМ
  • Агенција за храна и ветеринатство на РМ

Генерална цел:

Да се подобри пристапот до вработување за сите. Таа има за цел да се зголеми учеството и напредокот на жените во вработувањето, преку подобрување на работна средина на национално ниво.

Специфична цел:

Да се подобрат можностите за вработување на родителите (мажи и жени), со деца преку промовирање, развивање и понуда на алтернативни услуги за згрижување на цеца.

Очекувани резултати:

Резултат 1: Спроведена анализа на побарувачката за услуги за детска грижа и нивната достапност.

Резултат 2: Подобрени постојните и дизајниран, тестирани и воведени нови флексибилни, евтини и квалитетни услуги за згрижување и оттамѕ креирање на услови за развој на кариерата на родителите со деца.

Резултат 3: Зајаканти потенцијални даватели на услуги преку обезбедување на водство, советување, обука, квалификации, тренинг и создавање деловни насоки.

Резултат 4: Подигната свест за политиките за помирување и охрабрено учество на работодавачите во поддршка на вработените за да се комбинираат работата и семејниот живот.

Целни групи:           

  • Директни корисници: Министерство за труд и социјална политика, Сектор за детска заштита, потенцијални згриживачи на деца, особено невработените лица и работодавачите со минимум 50 вработени лица (компании и организации).
  • Индиректни корисници: семејства со деца под шестгодишна возраст, работодавачи (генерално) и локални власти.

Клучни активности на проектот:

Компонента 1: Спроведување анализа за побарувачката за услуги за детска грижа

  • Собирање на информации и податоци потребни за развој на методологијата за истражување
  • Подготовка на методологија и нејзина пресентација пред засегнатите страни
  • Спроведување на истражување на терен на репрезентативен примерок од вкупната покриеност на земјата, вклучувајќи ги и урбаните и руралните средини
  • Изработка на извештај со наодите од истражувањата од спроведената анализа и препораки или наменска решенија (дури и измени и дополнувања на постоечкото законодавство, доколку е потребно)

Конпонента 2: Развој и воведување на пофлексибилна, евтина и квалитетна детска грижа со усогласување на работата и грижата за децата

  • Подготовка на предлог за флексибилни услуги за згрижување на децата во тесна соработка со релевантните засегнатите страни
  • Изработка на мерки за да се влијае на побарувачката (користењето) на алтернативни усгуи за грижа за децата
  • Изработка на конкретни мерки за поддршка на згрижување на децата преку поттикнување на воспоставувањето на алтернативни услуги за детска грижа и за привлекување на потенцијални негуватели да се одлучат и да се квалификува за оваа активност
  • Тестирање на предложените алтернативи услуги за детска грижа и размена на информации и дискусија за резултатите од пилотирањето меѓу Министерството и засегнатите страни
  • Поддршка на Министерството за труд и социјална политика во ревидирањето на правната рамка на подобрени/ нови флексибилни форми за згрижување на децата врз основа на резултатите од тестирањето
  • Спроведување на активности за информирање и публицитет за промоција на можностите за бизнис/ кариера во секторот за заштита на децата и да се подигне свеста кај родителите за регистрирани алтернативни услуги згрижување на деца
  • Развивање на документ со препораки за натамошно унапредување на алтернативното згрижување на децата

Компонента 3: Поттикнување на работодавачите да им помогнат на вработените да се комбинира работата и семејниот живот

  • Проценка на ставовите и капацитети на работодавачите да ги поддржат активно вработените да се комбинираат работата и семејните обврски
  • Спроведување активности за подигање на свеста насочени кон менаџерите, супервизорите и професионалците за човечки ресурси во компаниите во приватниот и јавниот сектор за да им помогне на вработените да се комбинираат работата и семејниот живот
  • Поддршка на најмалку 5 волонтерски компании/ институции (со најмалку 50 вработени) или група на компании/ институции за развој и спроведување центар за згрижување на деца/ решение за усогласување на работата и семејните обврски
  • Подготовка (преку конкурентни постапки со непосредно спогодување) на договор за набавки на бебшка и детска опрема/ медицинска опрема за помош на волонтерските компании/ институции или група на компании/ институции

Лифлет за проектот МКД

Лифлет за проектот ЕНГ

Лифлет за проектот АЛБ

Резултати од истражување

Резултати од истражување 2

Релевантни линкови:

Веб-страна: http://www.pacs-mk.eu/

Facebook страна: https://www.facebook.com/Promoting-Alternative-Childcare-Services-676987299116798/