“Јакнење на системот за финансиско управување и внатрешна ревизија во АВРМ” EuropeAid/132633/C/SER/multi

Почетен датум16 март 2015

Краен датум: 15 март 2017

Буџет на проект: € 165.235,14

Договорна страна: AECOM

Крајни корисници: Агенција за вработување на Република Македонија (АВРМ)

Општа цел

Да се интегрираат младите луѓе, долгорочно невработените лица и жените на пазарот на труд преку подобрување на ефикасноста, ефективноста и транспарентноста на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Специфична цел

Да се подобри ефективноста на системот за внатрешна контрола и финансиско управување во Агенцијата за вработување на Република Македонија, со цел за придонесување кон соодветно, етичко, економично, ефективно и ефикасно управување со јавните фондови за програмите и услугите за вработување во согласност со применливото законодавство.

Проектни активности

Проектот обезбеди севкупно техничко водење и поддршка на АВРМ во зајакнување на нивните капацитети за финансиско управување, внатрешна контрола и ревизија. Проектот се спроведува паралелно со имлементацијата на ко-финансирнаиот грант од ЕУ „Поддршка за вработување на младите луѓе, долгорочно невработените лица и жените II” и исто така се фокусираше кон обезбедување на правилно управување со ЕУ фондовите за активни мерки и програми за вработување преку темелни процеси за сметководство, буџетирање, финансиска контрола и ревизија.

Имплементаторот на рамковниот договор ги обезбеди следните активности:

  • Спроведување на оценка на ризици и идентификување на јазови во контролите во тековниот систем на финансиско управување и внатрешна контрола во АВРМ;
  • Подготовка на план за акција за надминување на идентифкуваните ризици;
  • Развивање на методологија за улогата на внатрешната ревизија во управувањето со ризици и механизми за контрола;
  • Имплементација на обуки за јакнење на свеста за внатрешна ревизија;
  • Воспоставување на процедури за внатрешна конрола во АВРМ;
  • Дизајнирање на соодветни процедури за ревизија и стратегија за рвизија, како и план за ревизија во АВРМ;
  • Имплементирање обуки за релевантниот персонал во АВРМ за спроведување на фанкцијата и контролите за ревизија (разгледување на документи, следење и верификации на лице место);
  • Обука во АВРМ за подготовка и верификации на годишен финансиски извештај;
  • Дисеминирање на резултатите од проектот преку работилница во соработка со ЦФЦД, НАО, Националното ревизорско тело, и ИПА одделенијата во МТСП.

Крајни резултати од проектот

  • Подготвен извештај за спроведена оценка со ризици и идентифкувани јазови во внатрешните контроли;
  • Подготвен план за акција за админување на идентификувани ризици и воспоставување на контролни процедури со јасна врменска рамка за имплементација опфаќајќи го времетраењето на проектот;
  • Елаборирана методологија за услогата на внатрешната ревизија во управувањето со ризици и механизмите за контрола;
  • Организирани обуки за јакнење на свеста за внатрешна ревизија, на секои шест месеци во времетраењето на проектот опфаќајќи индикативно 100 вработени лица во АВРМ;
  • Подготвен прирачник за процедури за внатрешна контрола;
  • Дизајнирани соодветни процедури за ревизија и стратегија за ревизија, како и план за ревизија во АВРМ;
  • Имплементирани обуки за вработените лица во АВРМ за спроведување на функцијата и контролите за ревизија (разгледување на документи, следење и верификации на лице место);
  • Организирани сесии за водење на релевантниот персонал во АВРМ за подготовка и верификации на годишен финансиски извештај;
  • Организирана работилница за дисеминирање на резултатите од проектот преку работилница во соработка со ЦФЦД, НАО, Националното ревизорско тело, и ИПА одделенијата во МТСП.