Државниот инспекторат за труд доби 20 нови возила

Државниот инспекторат за труд (ДИТ) денеска доби нови 20 возила, кои треба да овозможат негова поефикасна работа. Возилата треба да бидат распоредени во 20 подрачни единици на ДИТ во градовите во Македонија. За набавка на автомобилите, чија вредност е 170 илјади евра, 85 проценти од средствата се обезбедени преку Проект од Европската унија и 15 проценти средства од државниот Буџет.

Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заедно со шефот на делегацијата на ЕУ, Аиво Орав и директорот на ДИТ, Аљајдин Хавзи присуствуваше на промотивниот настан на Проектот финансиран од Европската Унија ,,Договор за набавка за јакнење на капацитетите на Државниот Инспекторат за Труд“.