“Супервизија на договорите за градба ‘Модернизација и адаптација на центрите за социјална работа’ и ‘Поддршка на Агенцијата за вработување на РМ во имплементација на активните мерки и услуги на пазарот на труд’” EuropeAid/132633/C/SER/milti

Почетен датум: 12 мај 2015

Краен датум: 12 мај 2017

Буџет на проект: € 105.630,00

Договорна страна: ARS Progetti S.P.A.

Краен корисник: Министерство за труд и социјална политика (МТСП)

Општа цел:

Да се подобри квалитетот на социјалните услуги во центрите за социјална работа и центрите за вработување преку модернизација и адаптација на нивната инфраструктура и подобрување на работните услови.

Специфична цел:

Да се обезбедат услуги за супервизија на градежните работи во проектите Модернизација и адаптација на центрите за социјална работаи “Поддршка на Агенцијата за вработување на РМ во подобрување на активните мерки и услуги на пазарот на труд, кои вклучуваат работи за модернизација и адаптација на 18 Центри за социјална работа (29 главни згради и дневни центри за згрижување) и 12 центри за вработување.

Очекувани резултати:

  • Потпишани и одобрени сертификати за времено и финално прифаќање за градежните работи, вклучувајќи и одобрување од Министерството за труд и социјална работа и Агенцијата за вработување на РМ и финален извештај од теренски посети потпишан од сите засегнати страни (имплементаторите на договорите за градежни работи, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РМ и супервизорот);
  • Достапност на сите документи согласно договорот (осигурувања, гаранции, дозволи, итн.);
  • Воспоставен и имплементиран темелен систем на имплементација проектите, вклучувајќи и систем за обезбедување на квалитет;
  • Времено идентификувани и професионално управувани сите ризици по однос на потенцијалните квалитативни проблеми, задоцнувања или надминувања во буџетот;
  • Имплементирани сите градежни работи од страна на градежните компании во целосна усогласеност со одредените договори за градба, во рамки на времетраењата и буџетите на проектите;
  • Супервизија на спроведените градежни работи, целосно комплетирана релевантна документација во согласност со договорите за градба и релевантниот закон;
  • Предадени градежни работи и обезбедени дозволи за употреба во рамки на дефинираните процедури и во рамки на определените временски рамки;
  • Навремено подготвени сите потребни технички и административни извештаи.

Целни групи:           

  • Лица со посебни потреби;
  • Работодавачи и/ или барателите на работа.

Клучни проектни активности:

  • Администрација и управување со договорите за градба;
  • Преглед на дизајнот и одобрување на работните цртежи;
  • Надзор на лице место;
  • Активности во текот на периодот на отстранување на дефекти;
  • Известување;
  • Други активности во согласност со работните задачи.