“Договор за набавка за зајакнување на капацитетите на Агенцијата за вработување на Република Македонија – Лот 1 Информатичко – компјутерска опрема” EuropeAid/136239/IH/SUP/MK

Почетен датум: 6 октомври 2015

Краен датум: 2 април 2017

Буџет на проектот: € 336.866,00

Договорна страна: Makedonski Telekom AD Skopje

Краен корисник: Агенција за вработување на Република Македонија (АВРМ).

Генерална цел:

Да се подобри ефективноста и ефикасноста во спроведувањето на програмите и мерките за вработување во земјата преку зајакнување на капацитетите на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ).

Специфична цел:

Снабдување, испорака, воспоставување, инсталација и пуштање во функција на набавките на информатичко-комјутерска опрема.

Очекувани резултати:

Зајакнати капацитети на АВРМ по однос на своите задачи за спроведување на програмите и мерките за вработување во земјата.

Целни групи:           

Релевантниот кадар на АВРМ (централна канцеларија и локални центри за вработување).

Клучни активности на проектот:

Набавка, испорака, поставување, инсталација и пуштање во функција на набавките на информатичко-комјутерска опрема (4 IU Rack Mountable Server, 1 IU Rack mountable Next Generation Firewall, 250 персонални компјутери, 1 софтверска лиценца, 1 сервер за складирање на податоци и 2 прекинувач за мрежа) во Централната канцеларија на АВРМ и локалните центри за вработување на целата територија на земјата.