“Поттикнување на социјално претприемништво” EuropeAid/136504/IH/SER/MK

Почетен датум: 18 мај 2016

Краен датум: 17 ноември 2017

Буџет на проектот: € 647.300,00

Договорна страна:    EPTISA Southeast Europe DOO (RS) во конзорциоум со OSB Consulting GmbH (AT), Expertise France (FR) и EPTISA Servicio de Indenieria SL (ES)

Крајни корисници:   Министерство за труд и социјална политика (МТСП)

Генерална цел:

Да се подобри инклузивноста на пазарот на трудот преку создавање на можности за нови работни места преку поттикнување на социјално – економски иницијативи.

Специфични цели:

Да се помогне во развојот на социјалното претприемништво во земјата преку:

  1. градење/ спроведување на правото на екосистем за социјално претприемништво; и
  2. поттикнување на веќе воспоставени социјални бизниси преку обезбедување на поддршка во корпоративни услуги.

Очекувани резултати:

  • Елаборирани/ образложени мерки на политиките за поттикнување на развојот на социјалното претприемништво;
  • Зајакнати капацитети на Министерството за труд и социјална политика во однос на своите задачи да создава, следи и промовира социјално претприемништво;
  • Развиени финансиски инструмент(и) за поддршка на социјално претприемништво и зајакнати капацитети на давателите на услуги;
  • Најмалку 10 социјални претпријатија поддржани со скроени корпоративни решенија.

Целни групи:

  • Релевантен персоналот од Министерството за труд и социјална политика и од други министерства, владини агенции, како што се Агенцијата за вработување, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, невладини организации, академици, училишта, локални обучувачи, локални власти, бизнис консултанти, социјални партнери, финансиски институции и другите релевантни засегнати страни;
  • Млади лица на возраст од 15 до 29 години (особено млади дипломирани студенти).

Клучни активности на проектот:

КОМПОНЕНТА 1: Зајакнување на капацитетите за имплементација на законодавството за социјалното претприемништво и создавање на поволен еко-систем за социјални претпријатија

  • Поддршка на МТСП и други релевантни чинители во развојот на сет на мерки на политиките за промовирање и поддршка на социјални претпријатија

а. Размена на искуства и добри практики со други држави;

b. Развивање сет на мерки за поддршка на развојот на социјалните претпријатија и социјални иновации во соработка со сите релевантни фактори (на пример, Агенцијата за вработување, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, даночните власти, локалните провајдери на обуки, бизнис консултанти / инкубатори, финансиски институции). Мерките што треба да овозможат:

• пристап до финансии;

• пристап до информации, обука и стручни совети за започнување и водење на социјален бизнис.

c. Тестирање на дел од предложените мерки и размена на информации и дискусија за резултатите од пилирањето меѓу Министерството и засегнатите страни;d. Развој на алатки за следење на мерките на политиките за социјално претприемништво и обука на релевантниот персонал во МТСП да се применуваат овие алатки;

д. Воспоставување механизми за систематско собирање на податоци на иницијативи за социјално претприемништво за да се информираат политиките.

  • Подготовка на предлози за реформа и / или понатамошно подобрување на законската регулатива за социјално претприемништво и друга сродна регулатива;
  • Развој и подобрување на методологијата и обука на релевантниот персонал во МТСП за следење на исполнувањето на законските услови од воспоставените социјални претпријатија во согласност со законската регулатива за социјално претприемништво;
  • Развој и спроведување на план за обука за МТСП, други соодветни институционални актери и локални власти по однос на нивната улога во спроведувањето на регулативата и мерки на политиките за социјално претприемништво;
  • Поддршка на јавни и приватни институции (финансиски институции и други институции овластени да даваат заеми за микрофинансирање / гаранции) во развој и имплементација на соодветни финансиски(и) за финансирање при создавање, раст и опстојување на социјалното претпријатие. Покрај тоа, на заинтересираните јавни и приватни институции ќе им се помогне да аплицираат за да станат давател(и) преку микро кредити во рамките на програмата EaSi;
  • Развој на алатки за размена и дисеминирање на добри практики, иновативни пристапи и искуства; организирање на прегледи и заедничко учење меѓу социјалните претпријатија, невладини организации и други релевантни чинители;
  • Дизајнирање и спроведување активности за поттикнување на социјалното претприемништво меѓу младите луѓе во соработка со училиштата, универзитетите и/ или други релевантни (младински) организации. Овие активности може да вклучуваат практични обуки или менторство на заинтересирани студенти или дипломирани студенти во развојот на нивните вложувања;
  • Развој на документ со препораки за натамошно унапредување на социјалното претприемништво.

КОМПОНЕНТА 2: Поддршка на постоечките социјални претпријатија

  • Идентификување на најмалку 10 заинтересирани организации кои работат де факто како социјални претпријатија, а кои ќе добијат корисничка поддршка во текот на проектот. Организациите ќе бидат идентификувани и избрани врз основа на фер и транспарентни критериуми и процедури за избор;
  • Вршење преглед на секој аспект на работата на избраните претпријатија и усогласувње на областите за кои е потребна експертиза;
  • Обезбедување директна поддршка на избраните социјални претпријатија во согласност со нивните потреби за времетраењето на проектот со користење на локални советодавни бизнис структури, доколку тоа е возможно;
  • Поддршка во развојот на стратегија за секое од поддржаните социјални претпријатија за следните 2 години по завршувањето на проектот;
  • Дисеминација на постигнувањата на компонентата 2 кон други организации кои би можеле да имаат корист (Меѓу другото, активноста треба да се спроведува со користење на алатки развиени во активноста 1.6).

Билтен 1 Поттикнување на социјално претприемништво