Подобрување на можностите за појавување на пазарот на трудот во општините Демир Капија и Росоман

Проектот “Подобрување на можностите за појавување на пазарот на трудот” е имплементиран од страна на општина Демир Капија, во партнерство со општина Росоман и фондација Ново образование за бизнис од Скопје.

Крајната цел на проектот е да генерира долгорочни можности за вработување за невработените лица со обезбедување на специјализирани обуки и индивидуално менторство, за да се охрабрат регионалните политики за вработување со промовирање тесна меѓуопштинска соработка, да се подобри практичното искуство на целната групата со пренесување на иновативните  најдобри практики, пристап скроен по специфичните потреби на членовите на целната групата и да се промовира волонтеризамот како алтернативен начин за справување со невработеноста со зголемување на јавната свест.

Вкупно 50 специјализирани обуки беа организирани во двете општини Демир Капија и Росоман и повеќе од 600 различни невработени личности (луѓе кои живеат ви руралните и оддалечени области, млади невработени лица 20-29 години, луѓе кои немаат дооформено основно образование, етничките малцинства…) се здобија и ги подобрија вештините со цел да станат поконкурентни на пазарот на трудот. Во корелација со овие специјализирани обуки е и активноста групно и индивидуално менторство каде клучни експерти обезбедија поддршка на учесниците водејќи ги чекор по чекор кон успешно поднесување апликација за работа преку е-mail и директни менторски консултации.

Со трите практични работилници, кои траеа по 3 дена беше, креирана виртуела работна средина за учесниците кои се здобија со знаења во врска со работните услови во винарија, ресторан и хотел, со основни административни и технички предизвици на фирмата, се запознаа со условите од секојдневните работни обврски од секој сектор, со етиката и однесувањето на работното место, преку практични примери и беа охрабрени да започнат сопствен бизнис.

Учесниците од целната групата беа запознаени со придобивките од волонтирањето преку информативни сесии за волонтеризмот, а дополнително беше организирана кампања за зголемување на јавната свест помеѓу населението во форма на настан на Интернационалниот Ден на Волонтеризмот, 5-ти декември 2016, во двете општини Демир Капија и Росоман, каде локалното население беше вклучено во различни активности вклучувајќи информативни сесии за придобивките од волонтеризмот, споделување успешни приказни од волонтери.

Веб страната на проектот: www.podobruvanjenamoznostite.eu.