Евалуација на поддршката во областа на еднаков пристап кон квалитетно образование со препораки за идна помош и развој

 

Период: Период на имплементација – 6 месеци

Вкупен буџет на договорот: 118.283 EUR (глобална цена)

Корисник: Министерство за образование и наука (МОН)

Партнери во имплементацијата: PROMAN S.A. со  B&S Europe и Lattanzio Advisory

1. Вовед
Рeпублика Македонија во изминатите 15 години превзеде сериозни чекори за унапредување и модернизација на образовниот систем. Повеќегодишната оперативна програма “Развој на човечки ресурси 2007 – 2013” (OPHRD) во моментов е најважниот документ во врска со тековната финансиска помош на ЕУ (ИПА) во областа на образованието и обуката. Стратегиската цел на овој документ е да се поттикне развојот на човечките ресурси преку подобрување на квантитетот и квалитетот на човечкиот капитал, што води кон отворање на повеќе и подобри работни места, повисок раст и развој, и зголемување на националната конкурентност на меѓународно ниво. Програмата се фокусира на 4 приоритетни области:  вработување, образование и обука, социјална инклузија и техничка помош. Полето на образование и обука понатаму  е поделено на: инвестирање во човечки капитал преку подобро образование и обука, подобрување на врските  и синергија помеѓу образованието и пазарот на трудот и обезбедување на квалитетно инклузивно образование за сите.

Во областа на образованието и обуката, бројни иницијативи, проекти  и програми беа поттикнати од страна на Владата на Република Македонија со поддршка од страна Европската Комисија, Обединетите Нации, Светска Банка, додека  дел нив беа спроведени во соработка со меѓународни организации и фондации како што се УНИЦЕФ, УСАИД; УНДП, ФИООМ, Ромски Едукативен Фонд, Песталоци Детска Фондација, ОБСЕ, Британскиот Совет итн. Голем број на проекти и програми беа поддржани од Министерствата за надворешни работи на : Норвешка, Холандија, Германија, Италија, Швајцарија, Велика Британија, Финска, Австрија и Јапонија. Заради многубројните интервенции во областа на еднаков пристап до образованието, постои потреба да се обезбеди конзистентност и континуитет во нивното спроведување.

2. Цели на проектот
Општата цел на овој проект е да се поддржи процесот на ефикасно програмирање, имплементација, мониторинг и евалуација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007 – 2013 со фокус на Приоритетна оска 2 – Образование и обука – Инвестирање во човечки капитал преку подобро образование и обука, мерка 2.2 – Постигнување на квалитетно инклузивно образование за сите.

Специфичните цели на овој проект се:

– Евалуација на обезбедената поддршка во областа на еднаков пристап до квалитетно образование (интегриран и инклузивно образование);

– Анализа на постигнатите резултати на националниот стратешки документ “Чекори кон интегрирано образование во образовниот систем” преку анализа на предвидениот план на акција;

– Совети и препораки за програмирање на идната помош од областа на еднаков пристап до квалитетно образование и подобра координација на донаторите.

3. Активности на проектот
Имплементацијата на овој проект ќе се реалзира преку следните активности:

Активност 1: Евалуација на поддршката во областа на еднаков пристап до квалитетно образование (интегрирано и инклузивно)  и обезбедување на  препораки за идната помош и развој во областа на еднаков пристап до квалитетно образование.

1.1  Почетно Мапирање (Ноември-Декември 2015) – активноста ќе се фокусира на проценката на претходните, тековните и планираните програми, проекти, активности и други иницијативи, поддржани од ЕУ и други меѓународни донатори (билатерални и мултилатерални), националните институции и невладини организации, почнувајќи од 2007 година  до денес.

Евалуација (Јануари 2016) – ќе се спроведе земајќи ги во предвид следните индикатори: релевантност, ефективност, ефикасност, влијание, одржливост и меѓусекторски прашања. Ќе се базира на неколку методи како што се анализа на документи, прашалници за различни целни групи, детални интервјуа и фокус групи.

Активност 2 (Февруари- Март 2016): Поддршка на унапредувањето на националниот стратешки документ “Чекори кон интегрирано образование во образовниот систем”, преку анализа на предвидениот акциски план. Совети и препораки за програмирање на идната помош од областа на еднаков пристап до квалитетно образование и подобра координација на донаторите.

4. Времетраење на проектот
Почеток на проектот е 15ти Октомври и ќе се реализира во наредните 6 месеци.