“Договор за набавки за зајакнување на капацитетите на Центрите за социјална работа (ЦСР), Државен инспекторат за труд (ДИТ) и Агенција за вработување на РМ (АВРМ) – Лот 2 Возила” EuropeAid/137124/IH/SUP/MK

Почетен датум: 6 февруари 2017

Краен датум: 6 мај 2018

Буџет за проект: € 247.869,00

Договорна страна: TD KА-DIS DOOEL Export-Import Skopje

Краен корисник: Центри за социјална работа (ЦСР)

Општа цел:

Да се подобри ефикасноста и ефективноста на социјалните услуги во земјата преку зајакнување на капацитетите на Центрите за социјална работа (ЦСР).

Специфична цел:

Да се набават, испорачаат, постават, инсталираат и стават во функција набавките од 30 возила.

Очекувани резултати:

Зајакнати капацитети на ЦСР по однос на нивните работни задачи за социјални услуги.

Целна група:

Релевантен персонал во Центрите за социјална работа (ЦСР).

Клучни проектни активности:

Набавка, испорака, поставување, инсталација и ставање во функција на набавките на 30 возила (29 мали градски возила и 1 мулти-функционално возило) во Центрите за социјална работа (ЦСР) на целата територија на земјата.