Конференција „Човекови права на лицата со хендикеп и начините за остварување на еднакви можности“

Конференцијата „Човекови права на лицата со хендикеп и начините за остварување на еднакви можности“ се одржа на 14 фебруари 2017 година во Хотел Порта во Скопје.

Со конференцијата официјално се најави почетокот на имплементацијата на проектот „Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ кој го реализираат партнер организациите Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија и Здружение ЛИНК, Мостар Босна и Херцеговина.

Лицата со хендикеп имаат право на работа и вработување, иако честопати се исклучени од пазарот на трудот. Причината за исклучување најчесто е поврзана со непристапност на работното место, предрасуди, немање на можности за прилагодување на постоечките искуства и знаења на пазарот на трудот со што лицата со хендикеп се и социјално исклучени.

Конференцијата се организираше во рамките на проектот „Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ кој го реализираат партнер организациите Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија и Здружение ЛИНК, Мостар Босна и Херцеговина.

Проектот е финасиран од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и ЦФЦД / Министерство за Финасии преку ИПА програмата за социјална инклузија на локално ниво, инструмент на Европската Унија за предпристапна помош ИПA оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007 – 2013.