Работилници „Човекови права на лицата и рефлексии за вработување“ и „Споредба на законодавството на БиХ и Македонија со Конвенцијата на ОН за правата на лицата со хендикеп“

На 15 и 16 фебруари 2017 во Хотел Порта во Скопје се одржаа работилници на тема „Човекови права на лицата и рефлексии за вработување“ и „Споредба на законодавството на БиХ и Македонија со Конвенцијата на ОН за правата на лицата со хендикеп“.

Целта на работилниците е да се придонесе кон воведување на лицата со хендикеп кон основните човекови права, како и повисоките достигнувања за признавање на правото на работа и вработување на лицата со хендикеп како едно од основните човекови права (чл. 27 од Конвенцијата на ОН) за лицата со хендикеп да ги доведе во поповолна положба, односно социјално вклучување.

Работилниците се организираат во рамките на проектот „Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ кој го реализираат партнер организациите Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија и Здружение ЛИНК, Мостар Босна и Херцеговина.

Проектот е финасиран од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и ЦФЦД / Министерство за Финансии преку ИПА програмата за социјална инклузија на локално ниво, инструмент на Европската Унија за предпристапна помош ИПА оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007 – 2013.