Обука за „Формирање на мултидисциплинарен тим на експерти за тренинг на тренери (ТоТ) за изработка на индивидуални професионални планови (ИПП) за проценка на способностите и вештините на лицата со хендикеп (ЛХ)“

Обуките се организираа во периодот од 20 до 23 април 2017 година во Хотел Порта Скопје.

Целта на обуката за „Формирање на мултидисциплинарен тим на експерти за тренинг на тренери (ТоТ) за изработка на индивидуални професионални планови (ИПП) за проценка на способностите и вештините на лицата со хендикеп (ЛХ)“ беше да се презентираат инструментите и компентенциите за следење и поддршка на лицата со хендикеп во процесот на образованието и работното вклучување, како и овозможување на работна компетенција на интердисциплинарниот тим и територијалната мрежа.

Обуките се организираат во рамките на проектот “Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ кој го реализираат партнер организациите Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија и Здружение ЛИНК, Мостар Босна и Херцеговина.

Проектот е финасиран од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и ЦФЦД / Министерство за Финасии преку ИПА програмата за социјална инклузија на локално ниво, инструмент на Европската Унија за предпристапна помош ИПA оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007 – 2013.