Работилници на тема образование, корисни-еднакви, модели на професионална рехабилитација и анализа на пречките

Работилниците се одржаа во периодот од 20 до 22 април 2017 година во Хотел Порта во Скопје.

 Целта на работилниците е преку интерактивна работа на елементите како што се образование, корисни-еднакви, модели на професионална рехабилитација и анализа на пречките да се даде придонес кон креирање на предлози и препораки за подобрување на ситуацијата на лицата со хендикеп во Република Македонија.

Работилниците се организираат во рамките на проектот „Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ кој го реализираат партнер организациите Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија и Здружение ЛИНК, Мостар Босна и Херцеговина.

Проектот е финасиран од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и ЦФЦД / Министерство за Финасии преку ИПА програмата за социјална инклузија на локално ниво, инструмент на Европската Унија за предпристапна помош ИПA оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007 – 2013.