Конференција „СОЦИЈАЛНОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО КАКО ПАТ ДО ВРАБОТУВАЊЕТО НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП“

Конференција „Социјалното претприемништво како пат до вработувањето на лицата со хендикеп“ се одржа на 20 април 2017 година во Хотел  Порта во Скопје.

Целта на оваа конференција е преку искуствата и практиката на земјите членки на Европската Унија да се изнајдат алатки за подобра работна и социјална инклузија на ЛХ во локалната заедница со цел да се намали невработеноста, општата социјална несигурност и сиромаштија во општеството.

Конференцијата е во рамките на проектот „Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ кој го реализираат партнер организациите Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија и Здружение ЛИНК, Мостар Босна и Херцеговина.

Проектот е финасиран од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и ЦФЦД / Министерство за Финасии преку ИПА програмата за социјална инклузија на локално ниво, инструмент на Европската Унија за предпристапна помош ИПA оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007 – 2013.