Презентација на тема „Мерки за вработување и самовработување на ранливите групи со акцент на лицата со хендикеп, во Република Македонија кои ги реализира Агенцијата за вработување“

На 19 мај 2017 во Хотел Continental во Скопје се реализираше презентацијата на тема „Мерки за вработување и самовработување на ранливите групи со акцент на лицата со хендикеп, во Република Македонија кои ги реализира Агенцијата за вработување“.

Целта на презентацијата беше да се даде придонес кон пристапот до правата за вработување на лицата со хендикеп согласно признаените човекови права на работа, да се промовира вклучувањето на лицата со хендикеп на патот кон вработувањето и самовработувањето.

Активноста се организираше во рамките на проектот „Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ кој го реализираат партнер организациите Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија и Здружение ЛИНК, Мостар Босна и Херцеговина.

Проектот е финасиран од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и ЦФЦД / Министерство за Финасии преку ИПА програмата за социјална инклузија на локално ниво, инструмент на Европската Унија за предпристапна помош ИПA оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007 – 2013.