Завршен настан за проектот „Зголемување на учеството на жените Ромки на пазарот на труд“, 12 јуни 2017 година, хотел Грин Центар Хилтон во Гостивар

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), заедно со Микрокредитната фондација Хоризонти, Здружението КХАМ од Делчево и Здружението Месечина од Гостивар, одржаа завршен настан за проектот „Зголемување на учеството на жените Ромки на пазарот на труд“, на 12 јуни 2017 година, во хотел Грин Центар Хилтон во Гостивар.

На настанот беа промовирани резултатите од проектот кој беше наметен за жените Ромки и припаднички на другите етнички малцинства од Источниот и Западниот регион, како и од градот Скопје. Покрај тоа, преку видео запис беа пренесени дел од искуствата на жените кои беа вклучени во активностите за подобрување на нивните работни вештини и способности.

Исто така, на настанот беа промовирани и публикациите подготвени со цел да обезбедат помош и совети за вработување, домување, правна и здравствена помош на маргинализираните групи.

Проектот, кој се спроведување во периодот од декември 2015 до јуни 2017 година, имаше за цел да продонесе за поголемо вклучување на жените Ромки и припаднички на етничките малцинства на пазарот на труд, преку подобрување на работните вештини и вештините за (само)вработување.