Петти семинар за лидерство и управување, Скопје, 15.6.2017 г.

Петтиот семинар за лидерство и управување се одржа во четврток, на 15 јуни 2017 година во Скопје, како една од главните активности на проектот Техничка помош во управување и мониторирање на проекти од грантовата програма „Поттикнување на социјална инклузија“ EuropeAid/132633/C/SER/MULTI.

Ова беше последниот во низата од 5 семинари, закажан така што да се совпадне со времето кога повеќето од 26-те грантови проекти влегуваат во завршната фаза од нивното спроведување. Семинарот беше замислен како прилика за грантистите да размислат за работата што ја завршиле и да оценат кои резултати навистина ги оствариле наспроти она што го планирале.

За таа цел, во текот на семинарот посебен акцент беше ставен врз показателите и нивното правилно прикажување за потребите на завршното известување. Поконкретно, темелно се практикуваа следниве аспекти:

  • како сеопфатно да се измери степенот на постигнување на показателите,
  • како правилно да се протолкуваат показателитеи, што е најважно,
  • како најдоброда се прикажат показателите во завршните извештаи.

Една од главните цели на семинарот беше да се научат грантистите како во своите грантови проекти да воведат 3-слоен систем за следење на показателите со помош на 3 вида на бази на податоци за целните групи: на ниво на учесници, на ниво на активности, и на ниво на показатели.

Како пример за користење на базите на податоци, експертите за техничка помош подготвија статистички преглед на демографските и други податоци за грантистите вклучени во спроведувањето на оваа грантова програма, а кои се првенствената целна група на Проектот за техничка помош. Потоа, работејќи во однапред определените тематски маси на „Светското кафуле“, сите 26 грантови проекти дадоа кумулативна повратна информација за степенот на остварување на нивните показатели, особено во однос на вработување и вработливост на нивните целни групи.

Сесијата од семинарот којашто грантистите особено ја ценеа беше повратната информација за времените извештаи од страна на надзорните службеници од Министерството за труд и социјална политика. Тие ги наведоа сите утврдени недостатоци во времените извештаи, но исто така ги нагласија и сите добри практики и позитивни примери.

Како извонредно дополнување на семинарот беше и посетата на претставниците на Делегацијата на Европската Унија во Скопје и на Генералниот директорат за вработување, социјална работа и инклузија од Брисел. Тие го искажаа своето задоволство од севкупните постигнувања на грантовите проекти и ја изразија својата благодарност до грантистите за нивната напорна работа.

На сите грантисти кои успешно го завршија семинар ќе им биде доделен Сертификат за лидерство и управување на проекти за време на свеченоста закажана за октомври 2017 година.