“Договор за набавка за зајакнување на капацитетите на Центрите за социјална работа (ЦСР), Државниот инспекторат за труд (ДИТ) и Агенцијата за вработување (АВРМ) – Лот 1 Канцелариски мебел” EuropeAid/135124/IH/SUP/MK

Почетен датум: 21 јуни 2017

Краен датум: 18 декември 2017

Буџет на проектот: € 104.081,00

Договорна страна:

Arsu Ofis Mobilyaları metal işleri orman űrűnleri inşaat nakliyat tekstil sanayi ve ticaret limited şirketi

Крајни корисници: Центри за социјална работа (ЦСР) и Државен инспекторат за труд (ДИТ)

Генерална цел:

Да се подобри ефективноста и ефикасноста на социјалната работа преку зајакнување на капацитетите на Центрите за социјална работа (ЦСР) и во борбата против непријавената работа во земјата преку зајакнување на капацитетите на Државниот инспекторат за труд (ДИТ).

Специфична цел:

Снабдување, испорака (на целата територија на земјата), воспоставување, инсталација и пуштање во функција на набавки (канцелариски мебел).

Очекувани резултати:

Зајакнати капацитети на ЦСР по однос на обезбедување ефикасна и ефективна социјална заштита за граѓаните;Зајакнати капацитети на ДИТ по однос на своите задачи во борбата против непријавената работа.

Целна група:

Релевантен кадар на Центрите за социјална работа (ЦСР) и Државниот инспекторат за труд (ДИТ) (централна канцеларија и локални канцеларии).

Клучни активности на проектот:

Набавка, испорака, поставување, инсталација и пуштање во функција на набавките (канцелариски мебел) на 488 канцелариски бироа, 488 фиокари, 488 секретарски столици, 93 метални шкафови и 371 столици за посетители во Центрите за социјална работа (ЦСР) и Централната канцеларија на ДИТ и подрчните канцеларии на ДИТ на целата територија на земјата.