Тематски сесии со корисниците и нивните семејства – Проект “Пат кон вработување преку развој на вештини и одржлива интеграција на пазарот на трудот на Ромите, особено жените Ромки”

Културните бариери, здружени со сиромаштијата и социјалната изолација на ромските населби, ги поттикнуваат родовите стереотипи и социо-економското исклучување на жените Ромки. Подобро вклучување на жените Ромки во активностите за социо-економско зајакнување и општеството во целина може да се постигне само преку родово сензитивен пристап.

Поради оваа причина се организираат Тематски сесии во просториите на невладините партнер организации со поддршка на експерти од областа.

Досега успешно се организирани триесет сесии, а овие две недели дополнително се планирани четиринаесет, и тоа:

Во СОНЦЕ, Тетово

19.06.2017, „Самохрано родителство (родова димензија)“

20.06.2017, „Социјални ризици (дефиниции и препознавање)“

21.06.2017, „Правна рамка за бесплатна правна помош“

22.06.2017, „Механизми за заштита од дискриминација“

23.06.2017, „Семејна политика во Република Македонија“

29.06.2017, „Основни родови концепти, дефиниции и примери“

30.06.2017, „Дали сме свесни што се опфаќа родово базираното насилство?“

Во СУМНАЛ, Скопје

19.06.2017, „Структура на локални институции“

20.06.2017, „Структура на национални институции“

21.06.2017, „Лобирање и застапување“

22.06.2017, „Закон за работни односи“

23.06.2017, „Закон за полиција“

27.06.2017, „Зошто ни требаат жени на одлучувачки позиции?“

30.06.2017, „Како да се подготвам за успешна презентација?“

МОМ флаер