Проект „Создавање можности за вработување на младите од руралните средини“,Скопје, 06.07.2017

Центарот за економски анализи – ЦЕА заедно со ФФРМ го спроведуваат проектот Создавање можности за вработување на младите од руралните срединифинансиран од Европската Унија, преку ИПА Програмата за Развој на човечки ресурси.

Целта на проектот е олеснување на вклученоста на младите од руралните средини на пазарот на трудот во Североисточниот плански регион. Проектот ја поддржува социјалната вклученост на младите од руралните средини, преку зголемување на вештините за вработување, обука и поддршка за полесно вклучување на пазарот на труд преку практична работа и учење при што би се придонело кон економски и социјален развој на општините во Североисточниот плански регион во Македонија.

Во рамките на проектот, во текот на 2016 година беа отворени и опремени локални канцеларии/работни клубови во склоп на три општини од Североисточниот регион: Општина Липково, Крива Паланка и Старо Нагоричане, во кои младите невработени од руралните средини имаа можност да вршат практична обука, која ќе овозможи транзиција на младите кон вработување при тоа стекнувајќи искуство како практиканти. По едногодишно успешно функционирање и воспоставена и ифраструктура на Работните клубови, целосната опрема од проектот беше предадена на Општините Липково, Старо Нагоричане и Крива Паланка, кои во иднина ќе имаат можност сами да го продолжат функционирањето на истиите.

Имплементацијата на проектот започна во декември 2015 година и се очекува да трае до август 2017.

Буџетот предвиден за имплементација на проектот изнесува 160.161,63 евра.