Пилотирање на онлајн обуки за вработување и започнување сопствен бизнис во проект „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“

Во почетокот на месец август, во просториите на ПСМ Фондација во Скопје, како дел од финалните активности на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“ финансиран од Европската унија, се пилотираа онлајн обуки за вработување и самовработување. Стаува збор за високо мотивирачки обуки кои имаат за цел да ги насочат младите луѓе кон вистинскиот пат на сопствениот успех и кои имаат моќ да го потикнат учесникот за реализација на својата професионална визуелизација.

Вкупно 53 млади лица зедоа учество во пилотирањето на обуките. Три групи на учесници го проследија пилотирањето на онлајн обуката „Започни свој бизнис“ и секој од нив ја имаше можноста да научи како да креира дела за паметење при реализација на сопствен бизнис. Од друга страна, една група учесници го проследи пилотирањето на онлајн обуката „Вработи се“ и тие осознаа како да ја дефинираат работата која ја посакуваат, да го таргетираат своето идеално работно место на пазарот на трудот и да се претстават во најдобро светло пред потенцијалните работодавачи.

Онлајн платформата на која е поставен курсот преку своите многубројни инструменти нуди можност и за вмрежување на учесниците со што притоа се елиминира проблемот на територијална бариера. При евалуацијата учесниците одлично го оценија квалитетот на онлајн содржината на курсот, истакнаа дека овие обуки им помагаат на младите луѓе добро да се подготват и полесно да се интегрираат на пазарот на трудот и дека истите ќе најдат примена на патот кон реализација на нивните професионални идеали.

Проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“ финансиран од Европската унија го имплементираат ПСМ Фондација, ЗИП Институт, Фондација „Футуре 21“ и РОЖМ „Даја“. Проектните активности  стартуваа со реализација во месец декември 2015г. и истите ќе завршат во месец август 2017г.

Скопје, 10.08.2017