“Набавка на Информатичко – компјутерска опрема за центрите за социјална работа и оперативните структури од компонентата за развој на човечките ресурси од ИПА” EuropeAid/139009/IH/SUP/MK

Почетен датум: 24 август 2017

Краен датум: 22 декември 2017

Буџет на проектот: € 209.175,00

Договорна страна: AIGO Business System DOO Beograd Company

Краен корисник:

Центри за социјална работа (ЦСРи) и Оперативна структура за ИПА компонента 4 (Сектор за централно финансирање и склучување договори во Министерство за финансии и ИПА одделенија во Министерство за образование и наука и Министерство за труд и социјална политика).

Генерална цел:

Да се подобри ефективноста и ефикасноста во спроведувањето на испораката на социјалните права и бенефиции во земјата преку зајакнување на капацитетите на Центри за социјална работа (ЦСРи), како и зајакнување на капацитетите на Оперативната структура за ИПА компонента 4 (Сектор за централно финансирање и склучување договори во Министерство за финансии и ИПА одделенија во Министерство за образование и наука и Министерство за труд и социјална политика).

Специфична цел:

Снабдување, испорака, воспоставување, инсталација и пуштање во функција на набавките на информатичко-комјутерска опрема.

Очекувани резултати:

Зајакнати капацитети на Центрите за социјална работа (ЦСРи) и Оперативната структура за ИПА компонента 4 по однос на своите задачи за спроведување на социјалните права и бенефиции и имплменентација на ИПА 1 и 2 во земјата.

Целни групи:           

Релевантниот кадар на Центрите за социјална работа (ЦСРи) и Оперативната структура за ИПА компонента 4.

Клучни активности на проектот:

Набавка, испорака, поставување, инсталација и пуштање во функција на набавките на информатичко-комјутерска опрема (214 персонални компјутери тип 1, 19 персонални компјутери тип 2, 14 преносни компјутери и 11 моно-ласерски принтери, дуплекс) во Центрите за социјална работа (ЦСРи) и Оперативната структура за ИПА компонента 4 (Сектор за централно финансирање и склучување договори во Министерство за финансии и ИПА одделенија во Министерство за образование и наука и Министерство за труд и социјална политика) на целата територија на земјата.