Обука за практични градежни вештини во Куманово во рамки на проект: Одржливи модели за вработување на Ромите-Обука за градежни вештини

Habitat Training at School in Kumanovo

Во рамки на проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите“ во период од 30 август до 7 септември 2017 година се организираше практичниот дел од обуката за градежни вештини во Општина Куманово. Практичната обука се реализираше во ОУ 11 Октомври.

Учесници на оваа обука се Роми кои сакаат да ги усовршат своите градежни вештини и да станат активни работници во градежниот сектор во Куманово и регионот. Конкретно, учесниците под водство и инструкции на претставници од локални градежни фирми имаа шанса да го аплицираат теоретското знаење стекнато во изминатите обуки на лице место. Инструкторите особено внимание посветија на деловите за енергетска ефикасност во аплицирањето на сите материјали во градежништвото.

Практичниот дел ги опфати следните работи:

  • Подготовка на надворешен ѕид за апликација на фасада, апликација на фасада и фарбање;
  • Подготовка за поставување на гипс картон, поставување на гипс картон и завршна апликација на абриб;
  • Подготовка на рамка за пвц прозор/врата, составување, и поставување на лице место;
  • Подготовка за ѕидање, ѕидање, финална апликација на малтер.

Освен што учесниците имаа шанса да се стекнат со практични градежни вештини за постигнување на енергетска ефикасност дополнително преку оваа обука се овозможи подобрување на условите во ОУ 11 Октомври од Куманово каде голем дел од учениците се Роми. Имено, во ова училиште последните градежни зафати се направени во времето на неговата изградба т.е во 60тите години на минатиот век.

Обуката за вработување и мотивација се спроведува во рамки на проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите“ финансиран од Европската Унија. Општата цел на проектот е да придонесе кон интегрирање на Ромите на пазарот на трудот, преку подобрување на нивните вештини за вработување во градежниот сектор и секторот за домување и енергетска ефикасност. Главната цел на проектот е зголемување на потенцијалот за вработување на ромската популација, обезбедувајќи соодветни и пазарно вреднувани лични карактеристики (знаење, вештини, мотивација) и олеснување на пристапот до пазарот на труд преку креирање на „мрежа за вработување“ која ќе ги поврзе градежните компании и потенцијалните Ромски работници. Имплементатори на проектот се Хабитат Македонија, ДРОМ и Креација. Проектот ќе се спроведува во општините Куманово и Прилеп.

Habitat Training at School in Kumanovo

 
 

Habitat Training at School in Kumanovo