Тренинзи за 30 млади Роми кои се во процес на образование, едукација или вработени, организирани во Скопје, Куманово и Струмица во проект СПИР – Социјално претприемништво за инкузија на Ромите

Главната цел на проектот е поттикнување на социјалната инклузија на младите Роми преку обуки за социјално младинско претпримништво. Проектот се стреми да ги оспособи Ромите и младите кои не се во работен однос, образование или обуки активно да учествуваат во социјалниот живот и да се креира околина за понатамошен младински развој на социјалното претприемништво во Македонија.

Специфични цели на проектот се:

  • Да се развијат содветно дизајнирани обуки за претприемачки вештини и развој на социјално претприемништво за Роми и млади кои не се во работен однос, образование или обука со цел проектирање и имплементација на бизнис идеи од областа на социјалното претприемништво;
  • Да се основаат канцеларии за социјално претприемништво во два града: Скопје и Штип, за поддршка на младите претприемачи, особено од ромска националност, во развој на бизнис идеи, активности за финансирање на бизнисот, споделување на најдобри практики, добри примери и неуспеси, како и соработка со чинителите од локалните и националната администрација надлежни за претприемништво, вработување, образование и малцинства;
  • Да се организира натпревар за социјално претприемништво каде учесниците ќе го аплицираат стекнатото знаење од обуките низ практична реализација на нивните бизнис идеи;
  • Канцелариите за социјално претприемништво да се оспособат за обезбедување на понатамошна поддршка на маргинализираните млади (Ромите и другите невработени) со цел да се подобри нивната вработливост;
  • Да се обезбеди поддршка во развојот на можности за самовработување за Ромите кои ќе помогнат во транзицијата од неформална или сива економија во формалната економија;
  • Да се започне со кампања за подигање на свеста за социјалното претприемништво и интеграцијата на Ромите преку социјалното претприемништво, која ќе промовира солидарност, толеранција и ќе поттикнува взаемно разбирање помеѓу културите;
  • Да се вмрежат клучните чинители на национално ниво за поддршка на Ромите и младите невработени преку канцелариите за социјално претприемништво за да се обезбеди долгорочна поддршка во развојот на социјалното претприемништво на оваа таргет група.

Во рамките на проектните активности, тренинзи за 30 млади Роми кои се во процес на образование, едукација или вработени, ќе бидат организирани во Скопје на 27, 28 и 29 септември 2017 година, во Куманово на 9, 10 и 12 октомври 2017 и во Струмица на 18, 19 и 20 октомври 2017. Целта на тренинзите ќе биде да ги подобрат „меките вештини“, претпреиамчкото знаење (со посебен фокус на социјално претприемништво) како и софтверските вештини (Word, Excel, PowerPoint) на целната група. Обуките ќе се одвиваат 3 последователни дена, во првиот ден фокусот ќе биде ставен на самиот проект и на развој на бизнис модел. Во вториот ден ќе се зборува за претприемништво, претприемачки компетенции и ќе се работи на бизнис моделот Канвас. Третиот и последен ден е посветен на софтверските програми Word, Excel и PowerPoint каде учесниците ќе се запознаат со основните алатки на овие софтвери.