Видео клипови “Carpe Diem”, “Вака не треба“ и “Јас можам“ од проектот „Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“

Видео клиповите “Carpe Diem”, “Вака не треба“ и  е дел од проектот „Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ кој го реализираат партнер организациите Полио Плус – движење против хендикеп и Здружение ЛИНК, Мостар Босна и Херцеговина, а е финасиран од Делегацијата на Европската унија и ЦФЦД / Министерство за Финасии преку ИПА Оперативната програма за развој на човечките ресурси во областа на социјална инклузија на локално ниво.

Општа цел на проектот е да придонесе кон пристапот на лицата со хендикеп кон признаеното човеково право на работа во земјата.

Специфична цел е да се промовира вклучувањето на лицата со хендикеп при вработување и самовработување во земјата.

Лицата со хендикеп имаат право на работа и вработување, иако честопати се исклучени од пазарот на трудот.

Причината за исклучување најчесто е поврзана со непристапност на работното место, предрасуди, немање на можности за прилагодување на постоечките искуства и знаења на пазарот на трудот со што лицата со хендикеп се и социјално исклучени.