„Веруваме во Тебе, вложуваме во Тебе, ЕУ за ТЕБЕ!”: Главен настан и саем на проекти на Програмата за вработување, образование и социјална инклузија финансирана од ЕУ, Скопје, 4 декември 2017

На 4 декември 2017 година, неговата екселенција, амбасадорот Самуел ЖБОГАР, шеф на Делегацијата на Европската унија, заедно со премиерот Зоран ЗАЕВ и министерот за финансии Драган Тевдовски се обратија на главниот промотивен настан и ги презентираа резултатите и остварувањата на Програмата за вработување, образование и социјална инклузија на ЕУ, во рамките на повеќегодишната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година IPA I.

 На настанот присуствуваше и министерката за труд и социјална политика, Мила ЦАРОВСКА.

Учесници исто така беа сите засегнати страни и корисници на средствата инвестирани од ЕУ во износ поголем од 35 милиони евра. Саемот на кој беа презентирани повеќе од 45 проекти дадоа информации за нивната работа во рамките на трите приоритети на програмата на ЕУ – вработување, образование и обука и социјална инклузија, а се одржаа и три работни дискусии (работилници) за овие три сектори кои се опфатени со Програмата (Гаранција за младите/ борба против невработеноста кај младите, Практични вештини во стручното образование и обука, и образование за возрасни со цел подобрување на вработливоста и Социјални услуги и социјална интеграција на локално ниво).

Овој настан е дел од кампањата „Веруваме во Тебе, вложуваме во Тебе, ЕУ за Тебе!”.

Домаќин на настанот беше Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.