Годишна акциска програма за 2017 „ЕУ поддршка за образование, вработување и социјална политика“ (ОВСП)

Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија ја потпишаа Финансиската спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2017 година на 5 ноември 2018 година. 

Годишната акциска програма на Република Северна Македонија за ИПА 2017 година се состои од четири акции.

Акцијата 4 предвидува поддршка за политиките на земјата во секторот „Образование, вработување и социјална политика“. 

Целта на акцијата е да се намали стапката на невработеност, да се зголеми учеството на пазарот на трудот, особено на младите и жените, да се зголеми пристапот до квалитетно образование и обука, да се подобрат вештините и да се модернизира системот на социјална заштита.

Вкупната вредност на Акцијата 4 „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика“  е 25,150 милиони ЕВРА, во кои ЕУ (ИПА) учествува со 23,7 милиони ЕВРА.

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Министерството за образование и наука (МОН) се корисници на проектите. Спроведувањето на проектите се спроведува според правилата за јавна набавка на ЕУ преку два договорни органи: договорен орган за проектите од областа на образованието и вработувањето е Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии, додека договорен орган за проектите од областа на социјалната заштита е Делегацијата на ЕУ.

 

Финансиска спогодба и Годишна акциска програма за ИПА 2017

Одлука за спроведување на Комисијата од 29.11.2017 година за усвојување на Годишна програма за акција за Република Северна Македонија за 2017 година