Годишна акциска програма за 2019 „ЕУ за Инклузија“

Главната цел на акцијата е да се придонесе за намалување на сиромаштијата во земјата.
Специфичната цел е да се подобри социјалното, образовното и економско вклучување на луѓето кои припаѓаат на најранливите групи.
Финансиска рамка и модалитети на имплементација
Вкупната вредност на Акцијата 4 „ЕУ на Вклученост“ е 7,35 милиони ЕВРА, во кои ЕУ (ИПА) учествува со 6,5 милиони ЕВРА.
Спроведувањето на проектите ќе се одвива според правилата за јавна набавка на ЕУ преку Делегацијата на Европската Унија, како договорен орган. Модалитети на имплементација на планираните активности се договори за грантови и договори за набавки, градба и услуги.
Резултати и индикатори за следење
Акцијата „ЕУ за Вклученост“ спроведувана треба да придонесе кон постигнување на три резултати во областите образование, социјална политика и социјална инклузија.
Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, Заводот за социјални дејности, Центрите за социјална работа, институциите за социјално згрижување, Агенцијата за вработување на РСМ, Националното координативно тело за не-дискриминација и граѓанските организации, се носители (корисници) на активностите од оваа акција.
Очекувани резултати од Акцијата 4 се:
– Подобрено домување, образование и економски можности за Ромите и луѓето кои живеат во длабока сиромаштија;
– Подобрена достапност на претпоставени институции со пречки во развојот;
– Подобрен пристап до услуги базирани во заедницата за ранливите групи на луѓе.
Наведените очекувани резултати ќе се постигнат преку следните активности:
– Активност 1 Подобрување на условите за домување и пристап до социјални услуги во заедницата за Ромите и луѓето кои живеат во длабока сиромаштија;
– Активност 2 Адаптација на зградите и објектите на основните и средните училишта и универзитетите/ факултетите за инклузивно образование;
– Активност 3 Воспоставување на вон-институционални социјални услуги во заедницата.
Клучните индикатори за следење на изведбата вклучуваат:
– Број на лица (Роми и лица кои живеат во длабока сиромаштија) кои имаат корист од услуги поврзани со вработување, дисагрегирани податоци по род;
– Број на деца (од ромски семејства и семејства кои живеат во длабока сиромаштија) вклучени во едукативен процес, дисагрегирани податоци по род;
– Број на легализирани ромски населби;
– Број на куќи на Роми и семејства кои живеат во длабока сиромаштија кои се изградени, реновирани или поврзани со комуналниот канализациски систем;
– Број на основни и средни училишта и универзитетски факултети, достапни за лицата со посебни потреби, како резултат на оваа акција;
– Број на социјални услуги засновани во заедницата утврдени како резултат на оваа акција.

ИПА 2019 МК ЕУ за Вклучување