Оперативна структура

Во спроведувањето на помошта согласно со прописите за ИПА, Европската комисија го пренесе овластувањето на Република Македонија за управување со Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 на 16.10.2009 на Оперативната структура за ИПА компонента IV, притоа задржувајќи ја целокупната крајна одговорност за општото извршувањето на буџетот. Ова децентрализирано управување, опфаќа спроведување тендерски постапки, склучување договори и плаќања за Компонентата на ИПА за Развој на човечките ресурси.

Оперативната структура за ИПА компонента IV ја сочинуваат телата формирани во следните институции:

  • Сектор за централно финансирање и склучување на договори како централна оперативна структура формиран во Министерството за финансии, со кој раководи Раководител на Оперативната структура;
  • Одделение за координација и имплементација на ИПА компонента IV и Одделение за мониториг и евалуација за ИПА компонента I и IV во Министерство за труд и социјална политика, со кои раководи назнален ИПА координатор и се одговорни за спроведување на активностите во рамки на Приоритетните оски 1 и 3;
  • Одделение за координација и имплементација на ИПА компонента I и IV и Одделение за мониториг и евалуација за ИПА компонента I и IV во Министерство за образование и наука, со кои раководи назнален ИПА координатор и се одговорни за спроведување на активностите во рамки на Приоритетните оска 2.

Оперативната програма за компонентата за развој на човечки ресурси на ИПА e биде раководена и спроведена од Оперативната структура, која во согласност со член 28 од Регулативата за спроведување на ИПА ќе биде одговорна за следниве функции:

  1. подготовка на годишни или повеќегодишни програми;
  2. следење на програмата и водење на работата на Секторскиот комитет за надзор како што е предвидено во член 59, особено со обезбедување на документи потребни за следење на квалитетот на спроведувањето на програмите;
  3. подготовка на секторски годишни и конечни извештаи за спроведување предвидени во член 61 (1) и по нивното разгледување од страна на Секторскиот комитет за надзор, нивно поднесување до Комисијата, до Националниот ИПА координатор и до Националниот координатор за авторизација;
  4. осигурување дека проектите за финансирање се избрани и одобрени во согласност со критериумите и механизмите кои се применливи на програмите, и дека истите се усогласени како со националните така и со правилата на заедницата;
  5. воспоставување на постапки за да се осигури чување на сите документи потребни да се осигури соодветна ревизорска трага, во согласност со член 20;
  6. утврдување на тендерски постапки, постапки за доделување на грантови, последователното склучување на договори и исплата, како и побарување на средства од крајниот корисник;
  7. осигурување дека сите тела вклучени во спроведувањето на проектите имаат посебни сметководствени системи или посебна сметководствена кодификација;
  8. осигурување дека националниот фонд и националниот кооридинатор за авторизација ги добиваат сите потребни информации за постапките и одобрувањата кои се вршат во врска со трошоците;
  9. воспоставување, одржување и ажурирање на системот за поднесување на извештаи и информации;
  10. вршење на верификации за осигурување дека пријавениот трошок е всушност направен во согласност со применливите правила, производите или услугите се извршени во согласност со одлуката за одобрување и дека барањата за плаќање од крајниот корисник се коректни. Овие верификации ги опфаќаат административните, финансиските, техничките и физичките аспекти на проектите, како што е соодветно;
  11. осигурување на внатрешна ревизија на неговите составни тела;
  12. осигурување за пријавување на какви било нерегуларности;
  13. осигурување согласност со барањата за доставување на информации и објавување.

Графички приказ – Оперативната структура за ИПА компонента IV