Стратешки приоритети

Во рамката на Оперативната програма за развој на човечкит ресурси за периодот 2007-2013 година се дефинирани четири стратешки приоритети. Приоритетите се базирани на СВОТ анализа, социо-економска анализа и утврдените национални стратешки и конкретни цели.

Приоритетна оска 1: Вработување – Привлекување и задржување на повеќе луѓе на пазарот на трудот

Целта е да се модернизираат и унапредат услугите што ги дава Агенцијата за вработување и да се развијат и спроведат подобри активни пристапи за решавање на проблемите на пазарот на трудот.

Приоритетна оска 2: Образование и обука – Инвестирање во човечки капитал преку подобро образование и обука

Целите на оваа приоритетна оска се модернизација на системот за образование и обука, вклучувајќи го развојот и вклучувањето на претприемништвото, како предмет во образованието, со цел да се подобри прилагодливоста кон потребите на пазарот на трудот и промовирање на доживотното учење. Освен тоа, со овој приоритет ќе се обезбеди еднаков пристап до квалитетно образование на сите, без оглед на етничкото потекло.

Приоритетна оска 3: Социјално вклучување – Промовирање на вклучувачки пазар на трудот

Оваа приоритетна оска треба да го забрза социјалното вклучување во насока на интеграција на ранливите групи на пазарот на трудот, меѓу другото и преку обука на професионалци и волонтери за социјално вклучување, подобрување на врските помеѓу сите партнери и зајакнување на капацитетот на граѓанското општество во насока на обезбедување на квалитетна социјална помош.

Приоритетна оска 4: Техничка помош

Целта е постигнување на ефикасна имплементација, мониторинг, евалуација и верификација на трошоците предвидени со Оперативната програма, како и поддршка на подготвителните активности за идно управување со Европскиот социјален фонд.

ОПРЧР Стратешки приоритети приказ ЕНГ

ОПРЧР Стратешки приоритети приказ МКД