ИПА II 2014 – 2020

Основната цел на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) е да им помогне на земјите кандидати и на потенцијалните земји кандидати во нивното постепено усогласување со стандардите и политиките на Европската унија, вклучително и Acquis communautaire, со цел членство. ИПА II е основана со Регулативата (EU) Бр. 231/2014.

ИПА II има пет области:
I. Реформи во подготовката за членство во Унијата и сродните институции и градење на капацитети;
II. Социо-економски и регионален развој;
III. Вработување, социјално, образование, унапредување на родовата еднаквост и развој на човечките ресурси;
IV. Земјоделство и рурален развој;
V. Регионална и територијална соработка.

Управувањето со средствата доделени според Регулативата за ИПА II треба да бидат во согласност со општите услови за управување со фондовите на Заедницата, утврдени со Регулативата на Советот (EC, Euroatom) бр.1605/2002.

ИПА II ќе се спроведува преку систем на индиректно и директно управување. Под системот за индиректно управување, Комисијата ја довери задачата на спроведувањето на буџетот на земјата-корисничка, додека ја задржува целокупната конечна одговорност за извршување на генералниот буџет. Под системот за директно управување, Делегацијата на Европската Унија (ДЕУ) ја презема одговорноста за извршување.