Еднаков пристап до квалитетно инклузивно образование на сите нивоа

Активностите од Резултат 2 се насочени кон зајакнување на системот за оценување на квалитетот во образованието, поддршка на професионален развој на наставниците и вработените во училиштата и се очекува да ги подобрат достигнувањата на учениците. Со цел поединците да бидат поконкурентни и мобилни во образованието и обуката и на пазарот на трудот, преку активностите ќе се воведат понатамошни подобрувања во процесот за обезбедување на квалитет при стекнување и развој на квалификации. Покрај тоа, ќе ги опфатат капацитетот и квалитетот на предучилишните установи, што е од суштинско значење за подобрување на образовните перформанси на учениците и намалување на стапката на напуштање во средното училиште.