ИПА I 2007-2013 ОПРЧР

Проектите имплементирани во рамки на стратешката цел на ОПРЧР беа насочени кон поттикнување на развојот на човечките ресурси, особено преку подобрување на квантитетот и квалитетот на човечкиот капитал, што води до повеќе и подобри работни места, повисок раст и развој и зголемена национална конкурентност на меѓународно ниво.

Проектите во ОПРЧР придонесоа кон постигнување на четирите приоритети дефинирани околу:

Приоритетна оска 1: Вработување

Различни проекти за техничка помош и твининг, набавки и градежни работи обезбедија поддршка за релевантните институции преку привлекување и задржување на повеќе лица во вработување. Значителна поддршка беше обезбедена за Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Агенцијата за вработување (АВ) по однос на понатамошен развој, модернизација и јакнење на капацитетите за имплементација на националната политика за вработување и активните мерки и услуги на пазарот на труд. Држевниот инспекторат за труд (ДИТ) Labour Inspectorate (SLI) беше поддржан во градење на неговите капацитет во борбата со непријавената работа, како и беа обезбедени набавки на опрема и возила за подобрување на работните услови на трудовите инспектори. Посебно внимание во неколку проекти беше дадено за промовирање на социјалниот дијалог, социјалното претприемништво и алтернативните услуги за згрижување на деца.

Приоритетна оска 2: Образование и обуки

Проекти за техничка помош и твининг во секторот образование овозможија поддршка на земјата за инвестирање во човечкиот капитал преку подобро образование и вештини. Промовирање на квалитетно инклузивно образование за сите беше значително зајакнато преку техничка поддршка во подготовка на Сеопфатната стратегија за образование, обезбедување квалитет и контрола на едукативниот систем, развивање на соработката помеѓу институциите од високото образование, приваниот сектор и релевантните јавни институции и модернизација на системот за пост-средно образование. Значителна поддршка беше обезбедена во насока за продлабочување на синергиите и линковите помеѓу образованието и пазарот на труд, преку модернизација на системот за образование и обуки, зајакнување на доживотното учење во стручното образование и обуки и системот на образование на возрасни, и понатамошно подобрување на системот за развој и имплементација на националната рамка на квалификации.

Приоритетна оска 3: Социјална инклузија

Со цел да се промовира инклузивен пазар на труд, различни проекти се спроведени за тхничка поддршка, набавки и градежни работи, што имаа за цел да се поттикне социјалната инклузија на лицата и во областите во ризик, промовирање на услуги за истата и зајакнување на релевантните актери на локално ниво. Исто така, капацитетите на Центрите за социјална работа (ЦСР) се подобрија. Три грантови програми се имплементираа што опфатија прашања за интеграција на жените од малцинските етнички заедници на пазарот на труд, поттикнување социјална инсклузија и вработувања на локално ниво.

Приоритетна оска 4: Техничка поддршка

Техничката поддршка на оперативната структура за ИПА беше насочена кон градење на капацитетите и поддршка за ефективна имплементација, следење, времена евалуација, администрација, публицитет и дисеминација на информации за ОПРЧР.